Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија.
Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“.
Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година, денес за првпат беа претставени новите извиднички униформи и марами, со што симболично се одбележа нивното официјално претставување.
Одредот брои 25 активни членови, кои веќе неколку месеци со голем интерес ги учат основните вештини на извидништвото врзување јазли, извидничка сигнализација, ориентација во природа, како и активности во планина. Сето тоа се реализира под раководство на наставникот по географија Сашко Стефановски, кој со своето искуство и ентузијазам ги води учениците низ светот на извидничките вредности.
Следната активност на одредот е веќе планирана – во недела, 15.03.2026 година, кога членовите ќе учествуваат на меморијалниот марш на Пониква „Ивона Антова и 63 ангели“.
Со оваа иницијатива ООУ „Никола Карев“ – Кочани продолжува да биде пример во државата во развојот на планинарството, љубовта кон природата и еколошката свест кај младите, соопштуваат од училиштето.
f
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









