Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавањето“, посветена на нејзиниот починат брат, Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“.
Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емуции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски израз. Во нејзиниот свет зборовите не се само обични редови на хартија, туку цели светови кои градат мостови меѓу срцата, беше ка/ано на промоцијата.
Дедова пишува поезија од 2012 година и е еден од најплодните роднокрајни автори на Кочани од помладата генерациај.
Издавач на денеска двете промовирани книги на Ана Дедова е ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани, како што беше кажано на промоцијата, нејзиниот втор дом.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









