Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна.

Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се пријавиле за гласање од дома.

Претседателката на ОИК Кочани, Билјана Димовска Гичева, за Радио Кочани информираше дека гласањето се спроведува согласно изборните прописи и соодветни здравствени протоколи.

Во Кочани, изборниот ден ќе се одвива на 63 избирачки места, распоредени на 59 локации.

За избирачките места со помалку од десет запишани гласачи, гласањето ќе се одвива во најблиските соседни места.

За потсетување, граѓаните  избираат меѓу шест кандидати за градоначалник и девет листи за општинскиот совет.

Право на глас имаат 32.446 граѓани.

Денеска и утре важи предизборен молк, а гласањето утре ќе се одвива во стандардниот термин – од 07:00 до 19:00 часот.

На денот на изборите, граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности или повреди на избирачкото право преку бесплатната телефонска линија на Народниот правобранител – 0800 54321, која ќе биде активна за време на целиот изборен ден.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на