ВО КОЧАНИ СНЕГ ЌЕ ВРНЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ, ДО ПЕТОК ЌЕ БИДЕ СТУДЕНО

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Снежното невреме од југозапад забрзано ја зафати целата територија на Македонија, па така во следните речиси 48 часа ќе има обилни врнежи од снег насекаде во Македонија, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе услови многу ладно време, голомразица, како и појава на снежни наноси. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка во Македонија, и тоа во градовите со висина од околу, па и над 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри, додека во западната половина од Македонија снежната покривка во дел од градовите ќе надминува дури и 50 сантиметри.

 

На планините и на Скијачките центри се очекува нов снег и до околу еден метар. Во Кочани со овој голем снежен и ладен бран се очекува формирање на снежна покривка со висина од 20 до 25 сантиметри, можно е и повеќе, додека во повисоките предели, како и на Осоговските планини таа ќе биде значително поголема.

Температурите речиси насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, како во ноќните и утринските часови, така и во текот на денот, само во крајните југоисточни предели температурата ќе биде само за некој степен над нулата преку денот. Новата седмица ни носи ниски температури кои наутро на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а на повеќе места и под -10 степени , а се очеуваат температури дури и до околу, па и под -15 степени и појава на силен мраз насекаде во Македонија. СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која се очекува.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изгубено е куче од расата пекинезер, одговара на името Хуго. За чесниот наоѓач следува награда!

Изгубено е куче од расата пекинезер во областа Белско Маало, одговара на името Хуго. Чесниот наоѓач може да се обрати на телефон 072/213 – 081. Следува награда!

Советот на Општина Виница со нова мерка: 6.000 денари поддршка за секое новороденче

Советот на Општина Виница на денешната втора седница ја донесе значајната Одлука за финансиска поддршка на семејствата со новороденчиња, со која секое новородено бебе ќе добие еднократна помош од 6.000 денари. Мерката има за цел да ги охрабри младите семејства и да придонесе кон подобрување на демографските трендови во општината, и претставува еден од приоритетите

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите лица од пожарот во „Пулс“

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите  лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација. Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по