Во Кочани се одржа дисеминациски настан во рамки на проектот ,,Пристап заснован на Виртуелна Реалност во справување со предизвикот на социјална инклузија на ранливите групи “

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Кочани, во рамките на проектот ,,Пристап заснован на Виртуелна Реалност во справување со предизвикот на социјална инклузија на ранливите групи “ Акроним: ВР Инклузија организиран од страна на  ЗР „АВЕНА“ –  Кочани и  СОУ „Љупчо Сантов“ –  Кочани се одржа дисеминационен настан.

 Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата во период од 01.11.2023 до 31.10.2025година.

Здружение на Роми АВЕНА Кочани и СОУ ,,Љупчо Сантов” од Кочани се проектни партнери  од Република Северна Македонија, а во проектот учествуваат и партнери од средно училиште ЕПРОМАТ од Матосинхос, Португалија и партнери НВО КУКСЕТ и средното училиште Ортаклар Анадолу Лисеси од Кушадаси, Турција.

На Дисеминационит настан присуствуваа претставници од образовните институции во Кочани, претставници од општината, претставници од невладините организации и др.

Уводен говор на настанот имаше претставник од општина Кочани  Г-ѓа Голубина Георгиева  и директорот на СОУ Љупчо Сантов , Г-дин Љубомир Гацов.

На настанот беа презентирани активностите кои беа реализирани во текот на проектот.

 

Во рамките на проектот ВР Инклузија се одржаа две обуки за наставници во Кочани, Македонија и  Матосинхос, Португалија и една обука за заедничка мобилност на најдобрите тимови на ученици од Кочани, Матосинхос и Кушадаси  во Кушадаси ,Турција.

Од страна на експертите од ЗР АВЕНА Кочани  беа презентирани два Интелектуални Резултати креирани во рамките на проектот:

Интелектуален Резултат 1 – Прирачник за наставници по  странски јазици и ИКТ во средното образование: „Како да се имплементира ИКТ-базираниот едукативен пристап „ студии на случаи“ со користење на VR технологија и 360° камера во редовните училишни часови

Интелектуален Резултат 2 – Стратешки документ за промоција на зацврстување на локалните политики/ стратегии и воспоставување на долгорочно стратешко транснационално партнерство  помеѓу различни социо економски организации за унапредување на образовниот процес

Како дел од настанот тимот на ученици  што победи во рамките на натпреварот во самото училиште  заедно со нивниот ментор ни го претставија процесот на создавање на нивното видео каде тие самите беа и сценаристи , режисери и сниматели, и во кое покажаа како секој е различен но секој бара да биде прифатен.

Овој Дисеминационен настан заедно со презентираните успешно реализирани активности и резултати  му претходи на  Завршниот настан кој ќе се одржи во Матосинхос, Португалија и со кој ќе се одбележи успешната реализација на овој Еразмус плус проект.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и