Во Кочани ќе се одржи Меѓународен турнир во забрзан шах

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Под мотото „Играме шах за Кочани“, во организација на Општина Кочани и Градскиот шаховски клуб „Кочани“, со поддршка на Шаховската федерација на Македонија, в сабота, 14 јуни 2025 година, во хотелот „Амор“ во Кочани ќе се одржи Меѓународен турнир во забрзан шах.

 

Пријавувањето на учесниците е во тек и ќе трае до сабота, 9 ч. Ќе се игра согласно ФИДЕ-правилата за забрзан шах во 9 кола по швајцарски систем. Турнирот е отворен за сите заинтересирани шахисти, без оглед на рејтинг, титула или место на живеење.

 

Според најавите од Шаховскиот клуб „Кочани“ се очекува на турнирот да настапат стотина учесници, што ќе го направи овој шаховски турнир најмасовен во историјата на Кочани. Досега се пријавени шахисти од Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, меѓу кои се и врвни шаховски имиња.

 

Наградниот фонд го обезбедува Општина Кочани, а сите приходи ќе бидат донирани во фондот за загинатите и повредените во несреќата што се случи на 16 март 2025 во Кочани.

 

Турнирот ќе започне во 10:30 часот.

 

Пријавување за учество на турнирот на е-адресите: ИО ИА Зоран Стојчевски –zocpoc@hotmail.com; ИМ Марјан Митков – marjan.mitkov@gambit.com.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Амфенол“ и „Еко оил“ обезбедија донација за изградба на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање

Со договорот што неодамна го потпишаа Општина Кочани, „Амфенол технолоџи Македонија“ и „Еко оил“ се очекува наскоро да започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Со договорот за соработка, донација и кофинансирање на Општината, кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура, компанијата

д-р Катерина Мирчовска – Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани

Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани, токму од Одделот за физикална медицина, рече новата директорка на Болницата, д-р Катерина Мирчовска на денешната прес-конференција во Владата. Владата на 10 јуни донесе одлука Одморалиштето „Пониква“ да стане рехабилитациски центар за сите повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На 16 март во пожарот загинаа 62

„ЈУМИС“ дооел – Кочани вработува:

Компанијата „ЈУМИС“ дооел од Кочани објавува оглас за вработување на работна позиција: Помошник-тапетар Опис на работни задачи: Лепење на вата и сунѓер на конструкции за тапациран мебел. Потребни лица со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати може да се јават директно во фабриката или да не контактираат на телефонскиот број: 078 / 274 – 405