Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеник од ЗНАМ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Кочани денес е отворена канцеларија на пратеникот од ЗНАМ,Павле Арсоски.

Одлуката јас како пратеник на ЗНАМ од ИЕ-3 да ставам во функција пратеничка канцеларија токму тука, во Кочани, беше донесена после сериозна промисла, емпатија, родителска и човечка грижа за добробит на граѓаните од Истокот.  

Особено на граѓаните на Кочани на кои им е потребна отворена врата и уште еден дополнителен глас, кој ќе биде глас на народот.

 Канцеларијата ќе биде место каде што граѓаните ќе може да се обратат, да поставуваат прашања, да истакнуваат проблеми, предлози и иницијативи.

Оваа канцеларија посакувам да биде мост на доверба и на одговорност.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

БУЏЕТ 2026 – Инвестиции за посилна и побезбедна Македонска Каменица

Со одговорно планирање и јасна визија за иднината, Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2026 година е насочен кон унапредување на квалитетот на живот, подобра инфраструктура и сигурност за сите наши сограѓани. Во 2026 година планираме значајни инвестиции во клучни области: -Набавка на патничко и теренско возило и ПП возило за потребите на Територијалната противпожарна

Маж од Кочани украл „југо“, полицијата го пронајде

Маж од Кочани украл „југо“ , но полицијата го пронашла и вратила на сопственикот.   На 29.12.2025 во 11:00 часот на ул.„9 Мај“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.В.(50) од Кочани поради сомнение дека стореил кривично дело „одземање моторно возило“, односно дека одзел патничко возило „југо“ сопственост на К.Ѓ.

Се продава дуплекс стан од 74 м² со подрум од 9 м² во самиот центар на градот….

Се продава дуплекс стан од 74 м² со подрум од 9 м², лоциран во самиот центар на градот, во зградата на катастарот.Станот е целосно реновиран и е во одлична состојба.Се продава со мебел и апарати или празен, според договор.Цена по договор, на лице место 078/273-015