Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница отворена изложбата на делаод 33. Лесновска ликовна колонија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вчера е отворена ликовна изложба на дела работени во текот на 33. Лесновска ликовна колонија, која и овој пат имаше меѓународен карактер.

Пред присутниуте зборуваше Марија Трајчева, претставник на ДК „Злетовски рудар“, локална установа од културата која ја организира Лесновската  ликовна колонија од 1992 година па наваму, без никаков прекин.

Во галеријата на ДК „Тошо Арсов“ е изложена поставка од дваесетина слики на 13 автори од земјава и странсво, создадени во јули месец минатата година во Лесново и околината. Изложбата не е тематска,сликарите твореле по сопствен избор.

Сликите од 33. Лесновска ликовна колонија во  Виница ќе престојуваат до 15 април, а галеријата е отворена за посети секој работен ден од 8 до  15 часот.

Изложбата е реализирана во рамките на проектот „Преземање на изложби за локални установи“, финансиран од Министерството за култура и туризам.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени