За трети и четврти април (петок и сабота) во Центарот за култура Марко Цепенков најавени се три настани, ликовна изложба, проекција на документарен филм и концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд:
На трети април 2026 г. /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,ќе биде отворена изложбата ,,Од утопија до ентропија 83/26“ од уметникот Златко Крстевски на која ќе бидат претставени 30 слики масло на платно. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата е прeсek нa согледување и преиспитување на пејсажната архитектонска форма како бришење од природните еколошки топоними, односно визуелно согледување на климатските промени како културни промени.
На 4 април, сабота, од 18.00 ч. во киното Мис Стон во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан документарниот филм „Легендата за народниот херој Мирче Ацев“ по сценарио и режија на Влатко Костовски. Асистенти на режија: Веселинка Миневски, Ангела Костиќ, Гоце Боцевски, Ванче Игновски; Камера: Влатко Костовски, Ангела Костиќ, Маја Василевска – Ставров, Милан Брцески, Игор Илиоски, Жарко Трпевски; Наратори: Душан Најдоски, Мирче Најдоски, Круме Спиркоски, Јован Трајков, Рубинчо Белчески, Ирена Младеновска, Александар Стојкоски, Олег Ставров, Елена Оровчанец – Спироска; Наратор на сценариото: Доротеа Атанасоска; Видео анимација: Маја Василевска – Ставров, Влатко Костовски, Владимир Ставров; Видео и аудио монтажа: Влатко Костовски; Продуцент: Влатко Костовски.
– Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во ЦК „Марко Цепенков“ на 4 април 2026, сабота од 19 часот.
„Најдоброто од Игор Џамбазов со ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената, при што најпознатите хитови ќе прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум ‘Првите триесет’. Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во 2026 ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија и е поддржан од Министерството за култура и туризам.









