ВО ЧЕСТ НА ФЕВРУАРСКИОТ ПОХОД

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителна војна и нивните поддржувачите во Прилеп го организираа традиционалниот Февруарскиот марш, во кои се вклучија група на граѓани и планинари, со цел да го одбележат овој настан и да им оддадат почит на борците кои во далечната 1944 година ја извојувале победа над фашизмот извршувајќи го овој поход,

Февруарски поход, е значаен настан од периодот на Народноослободителната војна. Тој е резултат на успешните борбени дејства кои се одвивале во 1944 година за создавање на поголема слободна територија. Походот игра важна улога во подигањето на борбената свест и ги забрзува борбените оперaциии за конечно ослободување и извојување на слобода за македонскиот народ.

Февруарскиот планинарски марш по повод 82 години од февруарскиот поход беше успешно реализиран, а на учесници им беа доделени благодарници, со завет де не се заборави славното минато за слободна Македонија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...