Во 16, 05 часот денеска родителите по 26. пат ќе маршираат за своите Ангели

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска со почеток во 16:05 часот, ќе се одржи 26-тиот „Марш на ангелите“, најавува ЗГ „16 Март  2025 Кочани“.

Маршот и овој пат ќе биде мирен и посветен на нашите 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година,се наведува во известувањето..

Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме.

Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на вера, етникум или политичка припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè, велат родителите на починатите

Собирно место е „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, а маршот завршува пред Основниот суд и Обвинителствот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за