Внимателно во сообраќајот за време на празниците

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Деновиве  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани,  Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани спроведоа акција со која ги потсетија учесниците во сообраќајот, посебно возачите на моторни возила на соодветното однесување во претстојните празници.

Летоци со едукативни и информативни сообраќајни пораки беа поделени на учесниците во сообраќајот на повеќе локации во Кочани.

Надлежните служби предупредуваа на неопходното носење зимска опрема и даваа препораки за олеснување и проверка на возилата во зимски услови.

За време на новогодишните празници се препорачува да не се употребуваат автомобилите ако тоа не е неопходно, да се вози одговорно и да се почитуваат правилата за ограничување на брзината, а посебно се акцентираше препораката: ако возиш не пиј алкохол!

Originally published at {{feed_name}} by {{post_author_name}} 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша