Во Лок .в.с.Ореовец – јавна чешма која се наоѓа во сред село, како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма , не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
И, водата во Л.в.с.Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемено присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.
Исто така, водата од мерно место локален водоснабдителен систем Ерековци – двор не е здравствено исправна заради наод на бактериии не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи од 0,2-0,5 мг/л. вода.
Локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски, водата во Л.в.с Веселчани – двор и водата во Л.в.с.Канатларци – бензиска на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во границите од 0,2-0,5мг/л.вода,информираат од Општина Прилеп









