Почитувани граѓани,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Кочани, упатува искрени честитки по повод големиот државен празник 2 ри Август – Илинден, симбол на македонската борба за слобода, државност и национално единство.
Илинден 1903 и Илинден 1944 се темелите врз кои е изградена македонската држава – борбата на илинденците и асномците нè обврзува никогаш да не отстапиме од правото на сопствен идентитет, јазик и историја.
Денес, повеќе од кога било, потребно е да се вратиме на вредностите на Илинден – обединување, патриотизам, правда и достоинство.
Да продолжиме по патот на оние кои се бореа за слободна и независна Македонија.
Нека ни е вечен Илинден!
Нека живее Република Македонија!
ВМРО-ДПМНЕ
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.