ВМРО-ДПМНЕ: Јорданчо Костадинов кандидат за градоначалник во Општина Чешиново-Облешево, Митко Костадиновски во Виница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вечерва, заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што на вечерашниот прес, Ѓорѓи Сајковски ја сподели веста за градоначалници за Виница, Чешиново-Облешево, како и на уште други 14 општини. Во Виница довербата кај грѓаните ќе ја барат со кандидатот Митко Костадиновски, а во Општина Чешиново-Облешево ќе „трчаат“ со Јорданчо Костадинов.

Костадинов во моментов е директор на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Облешево. Во микро регионов останува нпознатао името само за Општина Кочани.

Еви ги и другите имиња:

Сопиште – Јане Мицевски
Кичево – Александар Јовановски
Крива Паланка – Оливер Алексовски
Маврово Ростуше – Онер Јакуповски
Кривогаштани – Сашо Граорковски
Шуто Оризари – Ерџан Демир
Крушево- Нико Чонески
Валандово – Ѓоко Камчев
Демир Хисар- Никола Најдовски
Радовиш – Љупчо Почивалец
Чашка – Дејан Андоновски
Прилеп – Дејан Проданоски
Струмица -Петар Јанков
Неготино- Марија Нацева

Извршниот комитет донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со молитва и кршење на славскиот колач одбележан празникот на Св. Јован Крстител во Кочани

Со молитa во духот на православната традиција, денеска, 20 јануари, во Кочани беше одбележан празникот посветен на Св. Јован Крстител. Кај параклисoт во центарот на градот, сместен зад зградата на Поштата и посветен токму на овој голем христијански светител, се собраа бројни верници. Во рамки на празникот, свешетениците од храмот „Св.Вмч. Георгиј“  го поелија славскиот

КПС „Осоговски Орел“ ја реализираше зимската планинарска тура „Небојани 2026“

Околу стотина планинари, рекреативци и вљубеници во природата беа дел од вчерашната зимската планинарска тура „Небојани 2026“ што ја организираше Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ , при што учесниците пешачеа по падините на Осоговските Планини. Планинарењето почна од местото Крушка, м.в „Ајдар“ на Бела Река, продолжи кон маалото Пустак, Кацарица, Средна Маала кон Праиште,

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде