ВМРО ДПМНЕ има водечка позиција во Прилеп и во 50 други општини

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати по пребројани 23,56% од избирачите, за изборите за градоначалници. Во моментов, водечка позиција во трката за градоначалници имаат:

ВМРО-ДПМНЕ во 51 општина;
ВЛЕН води во 9;
НАИ (коалицијата предводена од ДУИ) води во 7;
СДСМ и коалицијата води во 9;
ДП на Турците 1 градоначалник и
ГИ А. Садики 1.

Сепак, иако на ниво на држава се обработени 23,56% од избирачите, во некои општини се обработени помал, а во други поголем процент од избирачите. Така што, за очекување е да има значителни промени во однос моменталните резултати.

Она што можам да го кажам прелиминарно, во дел од општините, ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе победи во ќе победи во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Јегуновце, Василево, Радовиш. Ова во Отвореното студио на Сител го изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Градоначалник исто така ќе задржиме во општина Штип. Добиваме градоначалник исто така и во Струмица, после 20 години. Градоначалници исто така ќе имаме во Босилово, Вевчани и убедлива победа Прилеп. За преостанатите општини се преработуваат сите податоци“, изјави тој повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дејан Проданоски прогласи победа во прв круг во Прилеп

Од 79,30% обработени гласовите од страна на Државната изборна комисија со убедлива победа во Прилеп со 57,16 проценти од гласовите или 15,216 гласови има кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски. Петра Лукароска, од СДСМ и Коалицијата за Локални избори има 21,26 поценти од гласачкото тело во Прилеп и...

Тесна и неизвесна битката во Кривогаштани и Крушево, а во Долнени води ВМРО ДПМНЕ

Томе Христовски од СДСМ во Крушево со блага предност од 467 гласа пред Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ со 347 гласа , оди во втор круг. На социјалните мрежи тој објави: Во Кривогаштани неизвена и тесна битката се води помеѓу двата кандидати за градоначалници кои ги бираа гласачите на овие...

(фото) Победува Дејан Проданоски од ВМРО ДПМНЕ во Прилеп – какви се резултатите од останатие кандидати

Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати по пребројани 23,56% од избирачите, за изборите за градоначалници. Дејан Проданоски од ВМРО ДПМНЕ со 10.920 гласови води со убедлива поведа пред,  Петра Лукароска Коалиција за локални изобри 2025 од СДСМ 3969 гласови. Владимир Ѓорѓиоски од  Македонска ЕРА има 354 гласа ,Демократи...