Владиката Кумановско – Осоговски, г. Григориј ќе одржи предавање во Градската библиотека

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на Друштвото за наука и уметност (ДНУ) од Прилеп, на 22.04.2026 (среда)
владиката Кумановско – Осоговски, г. Григориј, кој е член на друштвото, ќе одржи предавање
во просториите на градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп, со почеток во 17:00 часот,
на тема:
„Борбата за доминација помеѓу максимизирање на задоволството и минимизирање на болката.
Деституција на ентитетот, за сметка на личните придобивки-систем без тенденција кон рамнотежа.“
Митрополит Григориј (Борче Настески),  е роден во Прилеп, на 16 јануари 1978  каде го завршил основното и средно образование. Дипломирал Индустриски менаџмент на Техничкиот факултет во Битола. Магистерски студии завршува на Економскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, во 2003 година, а докторирал на Институтот за социолошки и политичко‒правни истражувања во 2005 година. На 14 јули 2006 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања ја одбранил докторската дисертација со наслов: „Влијанието на надворешната конкуренција врз стратегиите за диверзификација кај македонските банки“. 

Во 2004 година запишува постдипломски студии на Богословскиот факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија. На 13.09.2012 година јеромонахот д-р Григориј Настески ја одбранил докторската дисертација со наслов: „Христолошките и сотириолошките аспекти на евхаристиската реинтеграција на личноста“ на Софискиот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Р. Бугарија.

Тој е назначен за  архијереј на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, со титула митрополит Кумановско-осоговски во 2020 година.

Автор е на две книги. Првата, којашто од печат излезе во 2017 год., со наслов „Благобитие“, и втората, во коавторство со митрополитот г. Јосиф, којашто излезе од печат во 2018 год., со наслов „Автокефалноста на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (интракохезијални предразговори за долгорочноста на nominatio auctoris на правниот сукцесор на Охридската Архиепископија ‒ македонската православна црква).“

Напишал 15‒тина статии од областа на богословието и теолошките науки, во неколку весници, како и повеќе предговори на книги во издание на Кумановско‒осоговската епархија. Негови позначајни статии од областа на Црковното право се: „Супрематијата е невралгична точка во Православието“, „Симплификација на добро дефиниран ʽпроблемʼ на пречките за автокефалност на Македонската Православна Црква‒Охридска Архиепископија. Дијагноза на ʽпроблемотʼ.“ и „Знаеме кои сме, само кога знаеме кои не сме, и често само кога знаеме против кого сме“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...