Владата утре на вонредна седница во 12 часот ќе носи мерки со кои ќе се ублажи ценовниот раст на горивата.
-Иако земјава има убедливо најевтини горива во регионот, се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бенизините. Заради тоа, Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок, велат од Владата.
Со последните две одлуки на РКЕ, цената на дизелот скокна за 21 денар по литар, а бензините за 12 денари по литар.
Преземено: fokus.mk









