Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од денес телефонската линија за сите повредени и нивните семејства во трагедијата во Кочани е во функција.

Преку директна комуникација секој од повредените лица и семејствата ќе може да се јават, да ги искажат своите барања кои ги имаат, како и да понудат предлози и конкретни потреби.

Телефонскиот број 070/355-526 на кој ќе можат да се јават повредените и семејствата е јавно достапен, и е директна комуникација управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата.

Никој нема да биде заборавен.

Наш приоритет е повредените од кочанската трагедија да добијат соодветна медицинска нега и целосна рехабилитација, за да можат да продолжат со животот понатаму.

Токму поради тоа, на владина седница ќе се донесе одлука со која одморалиштето Пониква кое е во сопственост на Министерството за внатрешни работи ќе се отстапи за потребите на Министерството за здравство, односно за пациентите кои веќе се во стабилна состојба, но имаат потреба од понатамошен третман.

Одморалиштето Пониква располага со 27 соби и 56 легла, а ќе биде обезбеден и дополнителен медицински кадар кој ќе пружи целосна медицинска нега на пациентите. Ова значи дека повредените лица на кои им е потребна дополнителна здравствена заштита ќе можат да ги користат овие услуги.

Како Влада сме целосно посветени да обезбедиме здравствена заштита на повредените од трагедијата во Кочани.

Дополнително, ги замолуваме политичките партии да се воздржат од некрофилија и да дозволат случајот целосно да го водат институциите.

Напомнавме дека секој што е инволвиран во овој случај, мора и ќе одговара.

Без разлика на неговиот статус во општеството или припадност на политичка партија.

Правдата доаѓа и ќе биде одговор за сите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Амфенол“ и „Еко оил“ обезбедија донација за изградба на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање

Со договорот што неодамна го потпишаа Општина Кочани, „Амфенол технолоџи Македонија“ и „Еко оил“ се очекува наскоро да започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Со договорот за соработка, донација и кофинансирање на Општината, кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура, компанијата

д-р Катерина Мирчовска – Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани

Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани, токму од Одделот за физикална медицина, рече новата директорка на Болницата, д-р Катерина Мирчовска на денешната прес-конференција во Владата. Владата на 10 јуни донесе одлука Одморалиштето „Пониква“ да стане рехабилитациски центар за сите повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На 16 март во пожарот загинаа 62

„ЈУМИС“ дооел – Кочани вработува:

Компанијата „ЈУМИС“ дооел од Кочани објавува оглас за вработување на работна позиција: Помошник-тапетар Опис на работни задачи: Лепење на вата и сунѓер на конструкции за тапациран мебел. Потребни лица со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати може да се јават директно во фабриката или да не контактираат на телефонскиот број: 078 / 274 – 405