Витаминка за првпат на Foodex Saudi Arabia 2025 во Ријад

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Витаминка оваа година за првпат се претстави на еден од најзначајните саеми за храна и пијалаци во Саудиска Арабија, Блискиот Исток и Северна Африка – Foodex Saudi Arabia 2025, кој се одржа во Ријад. Настанот претставува водечка платформа за меѓународни брендови од областа на прехранбената индустрија, отворајќи можности за поврзување со партнери и купувачи на пазар од над 36 милиони потрошувачи – потенцијал кој е од огромно значење за Витаминка.

„Foodex Saudi Arabia е водечки меѓународен саем во Саудиска Арабија, 100% посветен на индустријата за храна и пијалаци. Со неговото посетување, компаниите имаат можност да набават производи од над 50 земји и да остварат трговска соработка со изложувачи кои претставуваат глобална понуда на производи и решенија. Станува збор за огромен потенцијал, каде што првпат имаме можност директно да ги претставиме нашите производи. Веруваме дека овој настап ќе отвори врати кон нови партнерства, дистрибутивни канали и значителни извозни можности. Ова е чекор со кој правиме силен пробив на еден од најдинамичните пазари во светот,“ истакна Сашо Наумоски, генерален извршен директор на Витаминка.

Со учеството на Foodex, најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија го зацврстува своето регионално присуство и поставува темели за отворање нови потенцијали на Блискиот Исток. Посетителите на саемот имаа можност да се запознаат со богатото портфолио на Витаминка, производи од сите сегменти на слатката и солената програма, кои се веќе препознатливи на повеќе интернационални пазари.

Foodex Saudi Arabia се одржува секоја година во Ријад и претставува средина за поврзување на водечките глобални брендови со локалните увозници, дистрибутери и трговски ланци. Преку големиот број изложувачи, презентации и деловни средби, саемот се позиционира како клучен настан за развој на прехранбениот сектор во регионот.

Со учеството на овој престижен саем, Витаминка потврдува дека континуирано работи на зацврстување на својата улога како амбасадор на македонската прехранбена индустрија и на квалитетот препознатлив во целиот свет.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот – Проданоски започнува средби со граѓаните

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината. Како што соопшти Проданоски, секој жител на Прилеп ќе има можност лично да разговара со градоначалникот и да ги...

Во атарот на с.Рилево мечка нападнала човек кој собирал печурки во шума

Возрасен маж е тешко повреден откако вчера претпладне бил нападнат од мечка во атарот на село Рилево, општина Долнени. Нападот се случил околу 10:00 часот наутро, додека мажот собирал печурки во шумскиот предел. Од нападот на животното, тој се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот бил забележан од ловџии кои...

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на...