Витаминка: Со секој купен Стоби Флипс заедно донираме за децата поддржани од СОС Детско село

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со секој купен Стоби Флипс ќе се издвојуваат средства за децата поддржани од СОС Детско село Македонија. Со помош на оваа општествено одговорна кампања на Витаминка реализирана под слоганот „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ потрошувачите ќе можат директно да учествуваат во донаторскиот процес и да придонесат за посреќно детство на децата поддржани од СОС Детско село.

Преку ваквата иницијатива, Витаминка ја продолжува својата мисија да ги поттикнува општествената одговорност и солидарноста. Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест и да обезбеди поддршка за децата без родителска грижа. Специјалното издание на Стоби Флипс, инспирирано од боите и мисијата на СОС Детско село, ја носи пораката на кампањата: „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ – симбол на заедништво и поддршка за децата кои имаат најмногу потреба од тоа.

„Со оваа кампања сакаме да потсетиме дека вистинските вредности почнуваат од емпатијата и желбата да се направи добро дело. Витаминка секогаш била блиску до семејствата и децата, а преку Стоби Флипс – бренд што го обединува сите генерации – сега ја пренесуваме пораката дека заедно можеме да изградиме посреќно и похумано општество,“ изјавија од Витаминка.

Средствата собрани преку оваа акција ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, кој обезбедува психолошка поддршка и специјализирана едукација со рехабилитација за децата и младите поддржани од СОС Детско село Македонија.

Од СОС Детско село Македонија додаваат дека ваквите партнерства имаат длабоко и трајно значење за нивно непречено делување во општеството. „Партнерствата како ова со Витаминка се клучни за одржливоста на нашата мисија. Тие ни овозможуваат да продолжиме да обезбедуваме стручна поддршка, едукација и психолошка грижа, но и да ја шириме пораката за важноста од заедничка одговорност во грижата за секое дете,“ велат од СОС Детско село Македонија.

Во рамки на кампањата ќе бидат реализирани забавно-едукативни активности, меѓу кои посета на маскотата Флип на СОС Детско село која ќе вклучува многу забава и смеа, како и посета на децата во фабриката Витаминка, каде тие ќе можат да го запознаат процесот на создавање на нивниот омилен Стоби Флипс и да поминат ден исполнет со учење, дружба и топли моменти.

Со оваа кампања, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата улога како општествено одговорна компанија, посветена на поддршка на најмладите и на создавање подобро, похумано и посреќно општество за сите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...