Вистината да излезе на виделина! – 28. „Марш за ангелите“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Правдата и вистината да излезат на виделина, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“, чиј почеток и овој пат беше од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани. При нивното марширање во Трговскиот центар, каде се лоцирани повеќето од кафулињата во градот, гостите, претежно тинејџери, стана од своите места и со молк им оддадоа почит на загинатите во мартовската трагедија

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно потресно обраќање, во кое, покрај другото, рече дека им е доста од неказнивост, од корупција и од молк.

– Каде се институциите? Каде е системот што требаше да не штити? Каде беа тие што седат во своите луксузни канцеларии, во меките фотелји,  платите што ги земаат од народни пари — а не видоа, не слушнаа, не почувствуваа дека пред нив се создава однадвор шупа, а внатре замок на монструм, запраша Манта Стојменова, мајка на Спире Стојменов, починат во пожарот во кочанската дискотека.

Протесниот марш, откако претходно ги помина Трговскиот центар, просториите на УЈП и Полициската станица, продолжи кон зградата на Основниот суд и Обвинителство во Кочани, каде на влезната врата од оградата на овие институции, беа оставени фотографии од починатите во пожарот во „Пулс“.

Протестниот марш на родителите и нивните подржувачи заврши во „Паркот на Револуцијата“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Зрновци

Во Општина Зрновци денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет. Советот ќе го сочинуваат вкупно девет советници – четворица од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и двајца од политичката партија МААК. На седницата, за претседател на Советот беше избран Благој Бошков, претставник од МААК, кој доби поддршка од пет советници. Со изборот на претседателот,

Конституиран Советот на Општина Кочани, Александар Андов избран за претседател

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во пожарот во „Пулс“, денеска отпочна конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кочани. Потоа се изврши верификација на мандатите на сите 19 советници, со што почна нивниот четиригодишен мандат, а Советот официјално стартуваше со работа. Александар Андов, член на советничката група на Коалицијата

СУДЕЊЕТО ЗА ТРАГЕДИЈА „ПУЛС“ ЌЕ БИДЕ ЕКСПРЕСНО? Сите се обврзаа да нема застој во процесот

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој загинаа 63 лица, ќе се одвива непречено и без застој, порачаа денеска претседателката на Судот Даниела Димовска, државниот обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски. Тие истакнаа дека Кривичниот суд, Јавното обвинителство и Адвокатската комора ќе сторат сè за процесот да се