Виртуозот на флејта , Коста Смилески доби ѕвезда на „Патеката на славните”

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По пауза од неколку години , на АРТ плоштадот пред ЦК Марко Цепенков вечерва  заслужен прилепчанец доби своја ѕвезда на „Патеката на славните”.Виртуозот на флејта Коста Смилески доби вакво потсхумно признание а со поставувањето на неговото име продолжува традицијата на поставување на имиња на познати прилепчани на овој АРТ плоштад.Секако неговиот син Васко Смилески се заблагодари пред се за оваа чест , делото и ликот на неговиот татко да бидат преставени „Патеката на славните”Од општината истакнаа дека оваа традиција на поставување на имиња на познати прилепчани ќе продолжи и во иднина.Во продолжение погледнете го видеото од празничната атмосфера пред ЦК Марко Цепенков.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Доделени наградите „3-ти ноември ” во Прилеп

Доделени се овогодинените третоноемвриски награди за 2025 година , по повод 81 година од ослободувањето на Прилеп.Заслужни прилепчани добија награди на вечерашната свечена седница која ја одржа Советот на Општина Прилеп во ЦК Марко Цепенков.Годинава признанија за животно дело , потсхумно,доби фудбалерот Јове Магдески за придонес на фудбалот во Прилеп...

Отворена изложбата на дела од 17-та ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен”

Во Ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ вечерва се отвори  изложбата на  дела од 17 -та ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“, што Центарот ја реализираше во септември со поддршка на Министерството за култура и туризам.Во празнично расположение пред присутните беа презентирани дела од учесници на колонијата од Србија, Хрватска,...

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот, се зголемува и цената на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика одлучи бензините да поскапат за пола денар, а дизелот за еден денар. Според ова, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 74 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 76 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 71 денар...