Виница подготвена за празничната магија: „ViniLand“, започнува на 24 декември

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Виница за годинава најавува вистинска празнична атмосфера со новогодишниот фестивал „ViniLand“, што ќе се одржи од 24 декември 2025 до 6 јануари 2026 година на градскиот плоштад „Ангел Винички“.

Програмата е богата, разновидна и наменета за сите генерации – од најмладите, до повозрасните љубители на добра музика и празничен амбиент.

Богата програма секој ден Фестивалските активности ќе започнат на 24 декември со детски филмови во кино салата, музички настапи на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Св. Сава“, како и вечерна забава со DJ на плоштадот.

Во следните денови граѓаните ќе уживаат во:

Новогодишен базар со ракотворби, празнични производи и локални специјалитети Забавна музичка програма со настапи на основните училишта Детски театарски претстави како „Подарок што не се купува“, „Дедо Мраз и Аладин“, „Новогодишен случај во волшебната шума“ и други Баскерфест Ране и уметнички акробации Божиќен концерт на ученици од музичките школи Изложба на творби од ученици и промоција на книги Бадникови поворки и делење пакетчиња за најмалите

Секоја активност е внимателно распоредена низ деновите, со цел да се овозможи постојана празнична атмосфера на плоштадот. Целта – празнична радост за сите Фестивалот „ViniLand“ годинава носи богат спој на музика, театар, уметност, базар, семејна забава и празнични традиции.

Градоначалникот Митко Костадиновски ги повикува сите граѓани да присуствуваат на настаните,  а доплнително ќе има и големо изненадување за сите.

Исто така, „Viniland“ има своја инстаграм страница каде организаторите ќе бидат известувани за настаните.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Двајца кочанчани лишени од слобода – едниот возел без положен испит, другиот со забрана за управување, возилата одземени

32-годишен од Кочани возел без положен возачки испит. Друг кочанчанец возел иако имал забрана за управување. Двете возила одземени, возачите лишени од слобода   На 02.03.2026 во 11:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода О.Д.(32) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Тодосија Паунов“ со кочански регистарски ознаки,

Осум години прв избор – „Лакшари Тихи Бубе“ за најубавиот 8-ми Март!!!

Осми март – денот кога љубовта, почитта и благодарноста се подаруваат со цвеќе! За најубавите жени во вашиот живот – изберете го најубавото од Цвеќара Лакшари Тихи Бубе! Веќе 8 години – прв избор за свежина, стил и квалитет. Најголем избор на свежи цвеќиња, раскошни букети, елегантни цветни аранжмани и специјални осмомартовски изненадувања – подготвени