Виница: Газдарицата ме принуди да земам брз кредит ми ги зема парите и ме избрка

Сопственичка на куќа во која живеела под кирија принудила 36 годишна жена на свое име да земе брз кредит. Потоа со закана и ги одзела парите и ја избркала од куќата. Информацијата ја потврди МВР.

„Вчера во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.“ – велат од МВР

 

Извор:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

УБИСТВО ВО КОЧАНИ: Пиеле со соседот, па го усмртиле со тврди предмети – Уапсени две лица

Ѓ.Б. вчера во 07:43 часот пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна...

Делегации положија свежо цвеќе по повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија

По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, делегација составена од градоначалникот на Општина Кочани...

Продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Општина Кочани ја продолжува традиционалната ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, 10-та по ред, која оваа година ќе се одржи на „Пониква“ на Осоговските Планини. Во колонијата...