Виничко Кале – Четириесет години откако Балабанов и соработниците ги пронајдоа теракотните икони

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
 Овој месец теракотните икони од Виница „наполнија“ 40 години откако се откриени на Виничкото Кале.
Во месец јули 1985 Музејот на Македонија ги прави првите заштитни археолошки ископувања на Калето над Виница.

На простор од 25 м2  откриени се 22 цели и повеќе фрагментирани икони. Раководител на истражувањата е д-р Коста Балабанов, а дел од екипата се и Цоне Крстевски, Кирил Трајковски и Петар Намичев, сите од Музеј на Македонија, како и Милан Ивановски од Републички завод за заштита на спомениците на култура. Во акцијата биле вклучени и 42 младинци од секцијата на млади истражувачи.
Истражувањата продолжиле и во октомври – ноември истата 1985 – та година. Бројката на откриени икони тогаш се заокружила на 40, плус значителен број фрагменти од теракотите.
По повод одбележувањето на јубилејот  40 години Виничко Кале и колекцијата на теракотни икони, Музејот „Теракота“од Виница додели благодарници на повеќемина за успешна соработка и придонес во реализација на археолошките истражувања на Виничко Кале.
Теракотите се археолошки пронајдоци, икокони, изработени од печена глина.  По својата содржина и облик, претставуваат светска реткост во областа на ранохристијанската археологија. Виничките икони се пронајдени во наоѓалиштето Кале над градот.
Во периодот од 1985 до 2002 година на Виничкото Кале се пронајдени шеесетина цели и стотина фрагментирани икони.
Речиси и да нема светска културна дестинација каде што теракотните икони од Виничкото Кале до сега не биле излагани, како археолошка и македонска вредност од културата.
Фотографиите се преземени од фејсбук страната на Музејот ТЕРАКОТА од Виница

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, заврши „Маршот на ангелите“ во Скопје

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.   Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март

„ДИБ“ – Нова автоперална во Кочани различна од сите !!!

Нов систем и принцип на перење на вашите возила! Користиме специјална розе пена со мирис на вишна, исперете без четка. Вашата боја е керамички заштитена , а вашиот автомобил со уникатна хемија од увоз, излегува нов, како од фабрика! За редовни муштерии, гратис арома за кола! Секогаш добивате повеќе, а плаќате стандард! Авто перална „ДИБ“

Изгубено е куче од расата пекинезер, одговара на името Хуго. За чесниот наоѓач следува награда!

Изгубено е куче од расата пекинезер во областа Белско Маало, одговара на името Хуго. Чесниот наоѓач може да се обрати на телефон 072/213 – 081. Следува награда!