Викендов се одржа „Поетско Маркукуле“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Викендов во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, а во организација на Клубот на литературните творци-Прилеп,  се одржа традиционалната поетска манифестација „Поетско Маркукуле“ која последниве години го носи и предзнакот меѓународна. На настанот присуствуваа голем број литературни творци од Македонија и од регионот, а беше промовиран и годинешниот зборник со вкупно двесте застапени автори. Во предговорот кон зборникот, поетот Филип Димкоски ја истакнува важноста на оваа манифестација за Прилеп и нејзиниот развој.

      Поетско Маркукуле со својот растеж низ годините, доживуваше разновидни промени во однос на концепцијата, содржината и местото на одржување, но секако останува скапоцен дар за Прилеп и за сите оние кои што по повод одржувањето на оваа меѓународна манифестација доаѓаат во градот под Марковите кули носејќи во дланките, некој песок, некој камче, некој карпа за да ја утврдат кулата, да го зацврстат поетското кале, подарено и завештано за градот од уметникот на звукот и на зборот Љубен Димкароски Димкар-пишува Филип Димкоски во предговорот на зборникот.

Со стиховите од многубројните учесници, водени низ програмата од познатата радио-водителка Цветанка Григорова, која уште од првото издание е водител на манифестацијата и нејзин поддржувач.

Според претседателката на Клубот на литератуните творци-Прилеп, Андриана Ристеска, „Поетско Маркукуле“  претставува благороден и успешен начин на градење пријателство преку литературата и градење на културни мостови меѓу народите.

Чест е да се биде организатор и домаќин на една ваква манифестација која е најголема од овој вид, во нашата држава. Од година во година се зголемува и се одржува на завидно ниво бројот на застапени автори во Зборникот кој се печати по  објавениот конкурс-истакна Ристеска.

Некои автори  првпат годинава учествуваа на оваа манифестација, а некои се редовни учесници. Една од годинешните учеснички беше и авторката Лилјана Ел Арејси од Скопје.

– Лично јас сум многу задоволна и од својот настап и од организацијата на целата манифестација, но и од убавината на голем дел од песните-рече Лилјана Ел Арејси.

Гостите од другите градови и држави имаа и можност да го разгледаат Прилеп, да се запознаат со дел од културно-историските обележја на градот, а го посетија и местото каде првпат е одржана оваа манифестација  на 11 август 2007 година на карпата Трон, над карпата Слон во подножјето на Марковите кули со вкупно 25 учесници во органзиација КМД „Пела“ од Љубљана.

 

Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: