(ВИДЕО)Земјоделците трпат огромни штети – Водостопанство нема решение за дефектот од хидросистемот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во ек на расадување на тутунот и градинарските култури левата падина од мрежата за наводнување преку прилепскиот хидросистем веќе месец ден е нефункционална. Земјоделците револтирани бараат час поскоро дефектот да биде саниран бидејќи без вода на температури над 30 степени целзиусови на отворено, тешко дека ќе опстане било која култура. Тутунот што е расаден се суши, а тешко дека расадувањето ќе продолжи на планираните површини. Земјоделците апелираат веднаш надлежното министерство да реагира:

Пред месец и пол водата беше пуштена, а пред 3 недели ни беше кажано дека оваа падина има дефект, поточно дека има пукнато цевка. Дали е тоа од нестручност, од незнаење од вработените таму како треба да се постапува при пуштањето на вода, на воздухот кој што треба да се испушти. Истиот дефект беше и лани. Десет дена немаше вода, два пати ја сменуваа цевката. Првиот пат цевката пукна, а вториот пат некако ја сработија работата и имаше вода. Годинава го имаме истиот проблем. Годинава планирам да имам 2 хектари, досега имам насадено само 4,5 декари, колку ќе сработам не знам бидејќи нема вода, вели Рубин Иваноски, тутунопроизводител.
Ние сме три члено семејство, исклучиво живеаме од тутунот, друго немаме за прехрана. Моментално нема вода, имам насадено 3 декари, а имам уште 9 декари за садење, а вода нема. Го замолувам министерот да се обрати до Водостопанство бидејќи јас имам договор и му платив претходно, а вода нема. Последиците ќе бидат многу големи, рече Димко Митрески, тутунопроизводител.
Тутунот насаден, половина се суши, вода нема, и оној тутун што е насаден се суши. Кој ќе им плати на земјоделците? Прилепско поле само парите да ни ги земе, а не се интересираат како да го решат проблемот, вели Зора Колеска.

„Проблемот со дефектот на левата падина од прилепскиот хидросистем е сложен и бара интервенција на специјализирана фирма,“ вели во телефонски разговор Филип Филипоски, извршен директор на АД Водостопанство Македонија. Сепак, кога ќе биде санирана дел од мрежата за наводнување никој во моментов нема одговор.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...