(ВИДЕО)Здружението ЗОКУМ додели награди и признанија за поетските творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ-Прилеп во градската библиотека „Борка Талески“ денеска ги прогласи најдобрите авторски детски творби од конкурсот „Кој не сака пролет?“ кој беше распишан  во чест на 110 годишнината од раѓањето на поетот Волче Наумчески. Инспирирани од пролетта, од традицијата, од патриотските чувства, младите поети и поетеси со радост ги споделија своите уметнички творби, а ги покажаа и рецитаторските способности. Најдобрите беа селектирани од комисија предводена од поетесата Вера Андон, која  во Прилеп одржа литературна средба со учениците и пред да се соопштат наградите.

Целта со овој конкурс е да им поттикнат со мотив повеќе младите писатели, поети – ученици  од општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Долнени и нивните ментори да продолжат да творат велат Филип Димкоски и Лина Димоска од здружението ЗОКУМ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчани сметаат дека барањата за надомест на штета од каснување од куче скитник ќе се злоупотребуват

Започнува примената на новото упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, ова го објави Општина Прилеп на својата веб страна. Упатството ги посочува правилата со кои граѓаните кои претрпеле штета од каснување од бездомни кучиња на јавни површини...

Гориво за 2 денари помалку на бензинските пумпи НИТ ОИЛ

На двете бензински пумпи НИТ ОИЛ во Прилеп во близина на цигарната фабрика од Тутунски Комбинат и на влезот од Кривогаштани, од денеска се продаваат горива по цени кои се за два денари по литар пониски од оние кои ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). На овој чекор компанијата...

(видео) Прилепските најмлади пијанисти со пијано маратон го одбележаа Ден на пијаното

Воодушевија со својите едноставни музички пијано изведба и потврдија дека Прилеп има многу млади музички пијано таленти – така најмладите пијанисти од ООМУ “Ордан Миихалоски -Оцка “-Прилеп го одбележаа Меѓународниот денот на пијанот. Преку пијано маратон, како дел од одбележувањето на овој музички празник, 72 млади талентирани момчиња и девојчиња...