(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп се одржа втората средба на земјоделците од сите сектори во Македонија која беше од отворен карактер. На средбата не присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство иако, како што велат организаторите била упатена јавна покана до надлежните. Поради тоа од средбата конкретните заклучоци и барања ќе биле во писмена форма упатени  до надлежните институции со конкретни барања кои се однесуваат на неисплатени субвенции и Програмата за финансиска поддршка за 2026 та за која, земјоделците велат дека треба да се прилагоди на вистинските земјоделци.

– Ние баравме да се промени Програмата за директни праќања за 2026 та година, таа да се коригира и да важи програмата за 2025 та .Не се согласуваме и во друг дел околу условеното субвенционирање бидејќи има некои критериуми според кои што многу од земјоделците, особено тие помалите земјоделци, не можат да ги задоволат. Посебен проблем е исплатата на заостанатите субвенции. Особено кај сточарството каде што состојбата е загрижувачка каде што сточарите се многу оштетени. Во тој сектор, луѓето за малку не ги задоволуваат тие критериуми, што е апсурд. Ние како држава мора да ги поддржиме тие земјоделци и да го задржиме тој сектор бидејќи ни е од важно значење на нас како граѓани и како земјоделци, вели Ѓорѓи Каракашев, од Национална земјоделска мрежа.

По гранки мерките за поддршка ќе предизвикаат намалување на производството и згаснување на поединечни сектори посочуваат директните производители и претставници од здруженија. Во поледелството задоцнетата исплата на субвенции ќе значи намалени површини и квалитет во производството на храна како што се: пченица, сончогчед или пченка каде што субвенционирањето по мерка површина дури е и намалено во споредба со претходните години.

– Имаше порано мерка се даваше однапред за да се помогне сеидбата. Годинава таа мерка не се исплати и сеидбата ја поминавме без помош. Еве и пролетната ќе ја поминеме без помош. Што се однесува до субвенциите во поледелството како гранка во мерка 1.17 што се однесува за подоцна продолжени договори за користење на државно земјоделско земјиште, како интервентна мерка за регистриран земјоделец 2 години, третата мерка по површина и за земјоделски семенски материјал. Ова се однесува на есенските посеви за 2024 та година и 2025 та сончоглед и пченка за пролетта истата година, вели Миле Ќебакоски, од Здружението Фармери Југозапад.

Потребни се над 100 милиони евра кои што ресорното министерство и Владата да ги исплати кон земјоделците на име заостанати субвенции и помош за да се закрепне агро секторот.

„ До 31.12. 2024 Министерството должи 2 милијарди и 400 милиони денари што е 39 милиони евра! Сега сме на прагот да се исплаќаат субвенции за тутунот. Треба да се исплатат 33 милиони евра за тутунот, 100 000 хектари по 20 евра тоа се 20 милиони евра, плус каде е тука градинарство, каде е сточарство, пчеларство, плус дополнителните мерки за предадени производи во преработувачки капацитети. Значи над 100 милиони евра! Барањето е Владата и Министерството да си се снајдат да ги најдат овие 100 милиони и да почне со забрзана динамика да се исплаќаат,“ додава Ќебакоски со конкретни барања кои можат да помогнат во креирање на стратегија за опстанок на секторот бидејќи откупните цени се ниски, а има увоз со кој што дополнително се уриваат цените,“ рече Ќебакоски .

Субвенциите се рентабилни, доколку се навремени

Земјоделците велат дека без субвенции не може да се опстане зашто се принудени средствата добиени од продажна на една култура да ги инвестираат во друга, а приход нема. Потребно е државата да ги заштити производителите со контрола на увозот или со условување при увоз на брашно:

„На пример за пченицата. Нема шанса да опстане. Се увезува брашно секојдневно. Има луѓе кои што ја чуваат пченицата сеуште не можат да ја продадат. Неможат ниту да се пазарат за цена. Едноставно никој не бара бидејќи се увезува брашно. Тука во тој бараме државата да интервенира да ги условува тие што увезуваат брашно килограм за килограм. Ако откупи 100 тона пченица, да увезе 100 тони брашно! Или на некој друг начин, бидејќи ние не можеме да опстоиме, плаќаме даноци овде, во есен сееме, а кога ќе дојде во лето друг ни продава овде во Македонија. Субвенциите сите зборуваат дека не биле рентабилни. Субвенциите се рентабилни, но оние што се навремени. Ако не се навремени не се рентабилни. Само пример: во есен од пиперки парите ги трошам за да посеам пченица, оти во летото не сум зел пари, по 10 денари сум ја предал пченицата. Нема ниту проста репродукција да се направи,“ рече Ќебакоски.

Особено во актуелната состојба со војната на Блискиот Исток во прашање е колку Македонија ќе биде во можност да обезбеди храна, посочуваат земјоделците кои бараат при конструирање на програмата за поддршка да бидат консултирани вистинските земјоделски за креирање на суштински промени:

„Со поголема посветеност Владата може да обезбеди храна во актуелната состојба. Треба да не’ консултираат и нас. Програмата се прави, а никој не не’ консултира. Во секоја ставка има грешки. Затоа бараме да се тргне за 2026 та, да се субвенционираме со Програмата од 2025 та година и од тоа не отстапуваме. Не прифаќаме козметички поправки. Требаат суштински промени. Ќе напоменам неколку ставки во кои субвенциите се намалени: пченица од 19 000 на 18 000 денари по хектар, јачменот беше 19 000 денари сега е 13 000 заедно со пченката. Сончогледот беше 16 500 сега е 10 500 денари по хектар, а едвај го вративме на нивите. Тутунот од 100 денари сега субвенцијата е 80 денари. Кравите од 12 000 на 8 000 денари и други ставки, секаде има грешки. Цела Програма треба да се ревидира, да се повлечи и да се субвенционираме со програмата од 2025 та година, вели Ќебакоски. 

Но, не е се така црно во секторот земјоделство за што јавно дел од земјоделците посочуваат вработени во поедини сектори при министерството и во подрачната единица во Прилеп кои одлично си ја вршеле работата и излегувале во пресрет за решавање на забелешки и проблеми.

Во секторот градинарство посочија конкретни и прецизни барања за воведување гаранции при откуп на пиперка по примерот на тутунот, со цел да се надминат заостанати исплати кон земјоделците за неколку години. Воедно, при откупот на пиперката да се воведат само 2 класи со што ќе се избегнат манипулациите во цените. Во тутунопроизводството беа истакнати барања за враќање на субвенцијата од 100 денари за килограм предаден тутун што беше присутна 2 години.

За неисплатени субвенции за изминатите години и намалување на субвенциите според новата програма со која уште повеќе ќе се намали добиточниот фонд алармираат во секторот сточарство. Доколку државата има намера да се зачува сточарството во Македонија треба да се следи примерот на Србија, велат тие.

-Гледаме Србија каде што е 500 евра за одгледување на крави, а кај нас е 8 000 денари, значи нам ни требаат 3 години, што ќе ја земе сточарот за една година во Србија. Таму е 9 денари млекото за литар, кај нас се откупува за 6 денари. Од таму ни го увезуваат, а овде ни ја уриваат цената на млекото. Државата треба тука да ни стави некоја граница да не заштити. Сточниот фонд се намалува. Доаѓам од едно село Могила од 500 куќи каде што имаше крави, сега дали има вкупно 13, од кои 4 се поголеми фарми. Тоа е штета. Државата да прифати само 20% од нашите барања ние ќе бидеме целосно задоволни, вели Борче Бучински, претставник на Здружение Пелагониско поле, Битола.

Веќе започнаа проблемите при набавка на нафта предизвикани од војната на Блискиот Исток, за потребите на земјоделците на прагот од пролетната сеидба и почеток на производната сезона в поле. Бараат гаранции за стабилна цена и можност да се снабдат со потребните количества гориво за обработка на земјоделските површини. Доколку цените пораснат без контрола без поддршка на државата земјоделците не ќе можат да ги подмират основните потреби и ќе работат со загуба.

„Во вчерашниот ден ми се јавија преку 50 сточари и земјоделци кои биле по бензинските пумпи да наточат гориво, да земат нешто поевтино. Беа вратени, не им беше дозволено да земат поголема количина на гориво на туби или со трактор. Како може човек од 50 км далечина да дојди до бензинска пумпа да земе во тракторот или во една туба ?! Фактички имаме голем проблем: пролетната сеидба е на прагот, така што претежно за нас земјоделците, сточарите им е потребна и во оваа пролетна сеидба помош од Владата како субвенционира – зелена нафта да ни помогне и да се стабилизира цената да не оди преку ноќ 100 денари. Затоа што ако сега почнеме да работиме со скапа нафта и скапи горива, а цените нагло паѓаат на нашето производство тоа ќе биде опасно за сточарството и за земјоделството, вели Тони Петковски, од село Велушина,“ претседател на Здружение Пелагониско поле.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица. Учениците – медицински сестри...

Моментно 200, а во иднина се планирани 700 корисници да добиваат бесплатни интегрирани социјални и здравствени услуги

Во присуство на преставници од Амбасадата на Австрија во Република Македонија, од  федерално Министерството  за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите, Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи -Прилеп,  Центарот за развој и едукација – Прилеп денеска ги промовираше придобивките на проектот ТРАНСАКТ,  за давање на интегрирани социјални и здравствени...

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

Повторно семејно насилство во Прилеп, маж пријавил во полиција дека бил нападнат од синот и внукот: