(ВИДЕО)Витаминка прва во прехранбениот сектор во Македонија воведува напреден ЕСГ систем на одржливост

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ретки се компаниите во Македонија кои воведуваат систем што вклучува взаемно поврзано работење за одржливост со сите засегнати страни за заштита на животната средина, грижа за вработените  и локалната заедница во која што работи. Витаминка е прва во Македонија за воведување на таканаречениот ЕСГ систем (enviromental, social, governance) согласно барањата на Европската Комисија од пред неколку месеци.

„Овој систем сеуште не е неопходен услов за извоз во Европска Унија, но ние сакаме да бидеме подготвени кога ќе дојде тој ЕСГ стандард неопходен, сега е сеуште волонтерски, на доброволна основа од компаниите.  Ќе биде неопходен за неколку години да мора да го имаме овој систем на мерливост за грижа кон животната средина, кон вработените и кон локалната заедница. Ние сме прва компанија од прехранбената индустрија, пред нас се две странски банки, големи компании од металната индустрија, Алкалоид од фармацевската индустрија и Тиквеш, но ние сме први кои почнуваме со аптејтираниот стандард ВСМ кој е практично од 1 ви јули 2025 та година во Европска Унија кој е унапреден стандард,“ рече Сашо Наумоски, генерален менаџер на ПИ Витаминка Прилеп.

Со тоа Витаминка сака да ја покаже својата заложба за грижа околу животната средина, околу општествено одговорноста која ја сноси кон локалната заедница и околу грижата за своите вработени.

„Сакаме овој систем да го отпочнеме со работа и да да имаме мерливост на сите работи кои ги работиме секојдневно. Не дека Витаминка до сега не инвестирала во грижа околу животната средина, не дека не инвестирала во своите вработени, не дека не сме општествено одговорна компанија сакаме да востпоставиме систем со кој што ќе имаме мерливост со секоја година, секој квартал, секој месец сакаме да докажеме дека сме се’ подобри и подобри во однос на тие инвестиции,“ истакна Наумоски.

Витаминка е прва компанија во Македонија која спроведува доброволно една рамка на известување која што е одобрена од Европска Комисија. Се работи за рамката VSME, односно доброволно известување за малите и средни претпријатија. Витаминка по сите стандарди на рамката ќе известува поактивно кон своите инвеститори, кон јавноста, кон добавувачите, кон сите свои соработници.

„Одговорноста на компанијата се зголемува, нејзините обврски се зголемуваат, но  и утре барањата на компанијата од своите стејкхолдери исто така да бидат општествено, зелено одговорни, одговорни за животната средина ќе порасне и со тоа се надеваме дека Витаминка ќе изгради потполна одговорност за европските пазари. Витаминка во иднина ќе споделува со општината што прави, што планира да направи, не само да споделува, ќе бара  и повратна информација што е она што е потребно, ако има нешто што  загрижува и тоа ќе се оценува и ќе се работи потоа по сите три пилари: животна средина и загадување, луѓе, работници, вработени, заедница и управување. Односно, проекти на ниво на општина, што е она што треба да се подобри, каде може да помогне Витаминка во иднина и сето тоа ќе го прави во спрега, дирекно и со општината, рече Катерина Костовска, консултант за одржливост социјална средина и владеење.

Првиот извештај што треба да произлезе од овој нов систем е април наредната година, а во неговата подготовка ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...