„Во однос на внесувањето на договорите во ИСЕТ системот, знаете дека го пролонгиравме рокот до 9-ти овој месец. Меѓутоа, заклучно со вчерашните податоци кои ги има Министерството случени, односно внесени се околу 35 100 договори во системот, за површина од 15.110 хектари под ориентален тутун. Ако правиме анализа, споредбено со 2024-та година, имаме некаде над 5.000 договори плус во тековнава година внесени, од страна на земјоделците и за некаде около 2.100 хектари поголема површина, споредбено со 2024-та година. Ова е уште еден показател дека интересот за оваа важна култура е голем. Од страна на тутунарите препознаена е заложбата на Владата во делот на пласманот, откупот и целата активност која се одвива во делот на оваа култура и постигнатата цена и затоа имаме вакко зголемување во тековна 26-та година. Се надеваме дека по завршување на крајниот рок 9 ти овој месец ќе ги имаме финалните бројки за еден сериозен развој во последните две години,“ рече министерот Трипуновски. Во однос на исплатата на субвенциите за реколтата 2025/26 посочи дека податоците се обработуваат и наскоро може да се очекува финансиската поддршка и за оваа земјоделска гранка.









