(ВИДЕО)Сојузот на тутунски здруженија во акција за помош на семејството Керимоски чиј што труд изгоре во пламенот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Еден од најголемите тутунопроизводителите во прилепско Селман Керимоски од Канатларци кој со своето семејство произведува над 15 тони на тутун годишно, деновиве огнената стихија му уништи се’ што печалел: целосно изгореа помошни простории, повеќе стотици балиња тутун, вредна земјоделска механизација, три трактори, системи за наводнување, патничко возило…

Во акцијата за гаснење и помош веднаш се вклучија неговите соседи, роднини и пријатели, а претставници од Сојузот на тутунски здруженија вчера, го посетиле семејството.

„Навистина станува збор за огромна штета: некаде околу 900 балиња тутун се изгорени, тоа е околу 4 до 4,5 тони тутун, два нови трактори, моторчиња за наводнување, приклучна механизација. Ние како Сојуз веднаш апелиравме кој колку може да помогне во балиња тутун, но тоа да не биде стихијно, да се организира. Му кажавме на производителот дека не е сам, дека ние стоиме зад него, дека ќе му помогнеме финансиски.

Во текот на денешниот, утрешниот ден ќе донираме финансиски средства во рамките на нашите можности. Меѓутоа ние како Сојуз побаравме донации и од стопанственици, откупувачи и ќе побараме и од нив, бидејќи овој тутунопроизводител произведува некаде околу 17 тони тутун, така што тој во сите компании носи тутун и ред е тие со некоја сума да го обесштетат,“ вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија и додава дека интересот за помош кај месното население е огромен, тие носат помош, меѓутоа семејството нема магацински простор каде да ги складира донациите.

„Прво треба да се обезбедат објектите, па потоа да се носи помошта во тутун. Затоа апелираме тоа да не биде стихијно, најпрво да се комплетира магацинскиот простор за да се складира помошта од месното население и други добронамерници “, вели Ристески.

Ваквите несреќи секогаш го поттикнуваат прашањето за осигурувањето на имотот и земјоделските посеви и насади. Земјоделците многу малку ги користат поволностите кои ги дава државата за субвенционирање на осигурителните полиси со 60 отсто од сумата. Од Сојузот на тутунски здруженија посочуваат дека токму оваа трагична несреќа ќе послужи како повод за измени во законот: да се врати стариот начин – осигурувањето на тутунското производство да биде услов за склучување на договори. Воедно, во тек се преговорите за помош кон семејството Керимоски со Општина Прилеп, со Министерството за земјоделство и со Платежната агенција бидејќи двата пеплосани трактори се набавени преку програмите за финансиска поддршка.

Во акцијата за помош на семејството Керимоски може да се вклучи секој добронамерник со донации на следната жиро сметка:

Инаку, според полицијата, материјалната штета е проценета на околу 5 милиони денари. Пожарот избувна  на 29 август околу 13:20 часот во дворниот простор на куќата на С.К. (44) од Канатларци. За неполни два часа пламенот проголтал летна кујна, штала и гаражи, а во нив и огромна количина земјоделски добра.

Од огнот покрај повеќе стотици балиња тутун, биле уништени помошните објекти,  три трактора – еден „Џондир“ и два „Тафе“, од кои едниот е целосно изгорен, а другиот делумно оштетен, два моторцикли („Хамачи“ и „Шинерај“), повеќе апарати за домаќинство, мебел и разни кујнски предмети. Освен тоа, во пепел завршиле и мотор „Титаник“, електрична машина за нижење тутун „Тобако“, тракторска опрема, како и патничко возило „Цитроен Берлинго“, околу 2.000 метри најлон за садење бостан и цел систем за наводнување од 4.000 метри.

Противпожарните екипи успеале да го изгаснат пожарот околу 15:35 часот, но зад нив останал вистински пустош. МВР направи увид на местото извршиле вешто лице и екипа на ОКТУПА, а причините за избувнувањето на огнената стихија дополнително ќе се утврдуваат.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп со шест кандидати за градоначалници за престојните локални избори 2025

Општина Прилеп најверојатно има шест независни кандидати за градоначалник,  бидејќи потребните два потпис,  собираа шестмина граѓани. Вчера,  заклучно со полноќ 1 септември,  истече рокотза собирање  потписи до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) Се чини голем интересот за граоначалничка кандиатура има и во  Општините: Долнени, Шуто Оризари...

Се заканувал со остар предмет, па полицијата го привела

На 01.09.2025 во 11:30 часот на ул„Коле Неделкоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Д.(41) од Прилеп. Тој, час предходно, се заканувал со остар предмет на триесет и седум годишно лице. Полицијата постапила   по претходна пријава  дека во 10.00 часот Г.Д.(41)  упатувал закани со остар...

(ВИДЕО)Пензионерските здруженија „Достоинствен живот“ се оградуваат од политички влијанија

Пензионерските здруженија „Достоинствен живот“, од Прилеп упатија порака дека не делуваат политички, туку единствено за заштита на правата на пензионерите. Ова е иницирано од разногласието во пораките кои деновиве доаѓаат од Политичката партија на пензионерите за пристапување кон одредени коалиции. – Ние не сме партиски определени, ние делуваме како здружение...