(ВИДЕО)Шведска донација во Прилепската болница-ехо апарат за прегледи кај доенчињата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Уште една донација за прилепската болница – апарат за ехо прегледи за рано откривање на развојно пореметување на детски колкови кај доенчињата. Опремата само за неколку денови е договорена и подготвена за работа со Хуманитарната организација Ханд тил Ханд од Шведска, чија што претседателка е Марија Розенгрин, Македонка со прилепско потекло. Заблагодарувајќи им се на донаторите од Шведска д-р Јоноски, директор на прилепската болница ја потенцираше важноста на апаратот за најмладата популација:

–  Во последните три години, од август 2022 до денес реализирани се вкупно 3525 ехо прегледи на колкови кај доенчињата или околу 100 ехо прегледи месечно, рече Јоноски.

Организацијата Ханд тил Ханд од 2013 година донира медицинска и друга опрема за здравствените установи како и за ранливи семејства во Прилеп и во Македонија.

– Апаратот има вредност 15 800 евра со две годишна гаранција. Може секоја година да се надоградува, тој е софистициран, модерен и бидејќи се работи за деца ние со љубов го прифативме барањето за донација, рече г-ѓа Розенберг, претседателка на хуманитарната организација Ханд тил Ханд.

Методот за ултрасонографски (ехо)-прегледи кај доенчињата во прилепската болница се применува од 1989 година, а прв почнал да го применува примариус доктор Трајче Бошкоски во 1989 година, само 6 години подоцна од воведување во европската медицинска пракса. Тој апарат сеуште се користи во ортопедската амбуланта.

– Станува збор за скрининг метод за рано откривање на развојно пореметување на колкот кај доенчињата. Тоа е безбеден метод, нештетен. Се надеваме дека со дополнителна обука на новите идни лекари – ортопеди ќе се овозможи продолжување на оваа стандардизирана лекарска пракса во нашата болница, рече д-р Василе Василески, началник на Одделението за ортопедија во Прилепската болница.

Новиот апарат ќе овозможи продолжување на континуитетот за ехо прегледи кај доенчињата. Ќе може да се користи не само за општина Прилеп, туку и за регионот и пошироко преку закажани термини од матичните доктори.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: