(ВИДЕО)Ротари клубот од Прилеп донираше 21 прочистувач на воздух за градинките

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ротари клубот од Прилеп денеска врачи донација од  21 прочистувачи на амбиенталниот воздух, кои ќе бидат распределени во занималните простории во објектите на градинката во Вишне и Бончејца. Во иницијативата се вклучени голем број прилепски фирми кои ја препознаа потребата за почиста животна средина на децата од претшколска возраст.

„Вкупната вредност на проектот е околу 8, 5 илјади евра донации од правни и физички лица кои сакаат да помогнат да го реализираме проектот „Заедно за почист воздух во градинките во Прилеп. Искрено веруваме и работиме на тоа чистиот амбиентален воздух во градинките, да биде страндард и во училиштита во Македонија. Еве зошто: Светската здравствена организација  во 2024 година констатирала дека во Македонија за двојно повеќе се надминуваат концентрациите на суспендирани честици во внатрешноста во градинките и училиштата од она што е утврден праг или дозволена граница од суспендирани честици. Овој факт не’ загрижи, а дополнително и УНИЦЕФ нашол во своите извештаи тоа го нотира дека 11,2 % од вкупниот број на смртни случаи на деца под една година се должи на загадениот воздрух,“ посочи Орде Ѓорѓиоски, претседател на Ротари клуб од Прилеп.

На примопредавањето на донацијата се заблагодари градоначалникот Борче Јовчески потенцирајќи дека локалната самоуправа обезбедила дополнителни прочистувачи за уште две градинки во рамките на ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп.

„Локалната самоуправа ја препозна добрата намера на Ротари клубот од Прилеп. Локалната самоуправа обезбеди донација на прочистувачи на амбиентален воздух и на уште две големи градинки и ќе се потрудиме да обезбедиме прочистувачи за сите наши градинки,“ рече меѓу другото градоначалникот Јовчески.

 

ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп згрижува 1482 деца. Листата на чекање во прилепските градинки е намалена со пуштањето во употреба на градинката во населбата Точила, заблагодарувајќи се на донацијата посочи Христина Трпческа, директорка на  ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп .

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повоторно лага за сообраќајка на близок – измамена 88 годишна старица од прилепчанец и крушевчанец

Полицијата уаспи прилепчанец и крушевчанец за телефонска измама со добро позната лага дека близок член на семејство направил сообраќајка и се потребни пари да се извлече од ситуацијата. Овој пат жртва на измамниците биле 88 годишна жена од Битола, а повикот се случил кон крајот на август. -Пријавените довеле во...

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...