Откупот на тутунот е пред самиот крај, на 10 денови пред законскиот утврден рок откупени се над 26 000 тони ориентален ароматичен тутун, што е далеку над очекувањата.
„Откупот за реколтата 2025 та година е пред крај, откупени се 99 отсто од количините на тутун. За среќа некаде околу 26 072 илјади тони тутун со просечна цена од 419,18 денари. Ова ни дава за право да мислиме дека оваа реколта ни е успешна бидејќи периодов е зголемен бројот на заинтересирани за склучување на нови договори, посочи Киро Ристески од Сојузот на тутунски здруженија.
Сојузот нема сознанија за нови откупни компании покрај постоечките 10 кои неколку години се регистрирани на пазарот, но според најавите се очекува зголемен интерес кај тутунопроизводителите за новата реколта за која се кројат новите цени. Субвенциите остануваат на ланското ниво 80 денари прва класа, 70 втора и 60 денари за трета класа, како и субвенции за одгледување на тутун по површина и за „зелена нафта“. Сеуште се преговара за новите цени:
„ Ги завршивме преговорите со сите откупувачи на тутун. Излеговме ние со нашите цени, кои во моментот, што му ги понудивме изнесуваат: 510 денари за прва класа, 460 за втора класа и 400 денари за трета класа. Тоа е под услов, ако купуваат, по класи.
Меѓутоа, до 20 ти февруари треба да не’ известат со цените, ако не ги прифатат нашите цени, тогаш ако излезат со нивни цени, тогаш ќе сметаме дека и наредната година ќе се купува тутун само во прва класа.
Новите договори можат да се склучуваат од 1 ви март, но до 20 февруари, односно за 5 дена треба да се изјасниме дали ги прифаќаме нивните цени,“ рече Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија“, рече Ристески.
Што се однесува на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2026 та на средбата со новинарите беше истакнато дека ќе претпри одредени измени за некои од секторите за кои земјоделците имаат забелешки.









