(ВИДЕО)Промоција на инклузивна финансиска писменост за лицата со попреченост

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Проектот Beyond Digits (www.beyonddigits.eu) има за цел да ја зголеми финансиската писменост кај возрасни лица со различни попречености преку развој на пристапни и инклузивни материјали за обука. Дополнително, проектот се фокусира и на унапредување на компетенциите и дигиталните вештини на наставници, едукатори и професионалци кои работат со оваа група граѓани.

Во рамките на програмата и програмските активности учествуваат Јован Сталевски и Елена Гагачева, претставници на ЦЕФЕ Македонија, кои се активни учесници и ментори во проектот.

Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија и меѓународен тренер, истакнува дека организацијата веќе долги години работи на развој на претприемнички и образовни програми, применувајќи иновативни методологии и тренинг модели. Во земјава делуваат повеќе сертифицирани тренери кои се достапни за сите заинтересирани за практична и современа едукација. Елена Гагачева, сертифициран тренер на ЦЕФЕ МК, посочува дека стекнатите искуства и методологии овозможуваат лесна примена и во чувствителни теми како финансиската писменост кај лица со попреченост. Според неа, токму интерактивниот и практичниот пристап е клучен за надминување на бариерите. Во програмата „Радио што се гледа“ за целите и активностите на проектот со претставниците на ЦЕФЕ Македонија: Јован Сталевски и Елена Гагачева разговараше Звонко Димоски:

За да се утврдат реалните потреби, во рамки на проектот беше спроведено партнерско истражување во Грција, Малта и Литванија, со испитаници на возраст од 18 до 50 години со развојни и интелектуални попречености. Истражувањето има за цел да ги идентификува празнините во финансиската писменост кај лица со развојни и интелектуални попречености и да разбере каде и зошто тие имаат тешкотии во секојдневно раководење со пари и финансиско одлучување. Анализите покажуваат дека:

Лицата со попреченост имаат ограничена финансиска автономија и силна зависност од старатели.
Сепак, покажуваат способност да приоретизираат суштински трошоци, што укажува дека соодветно едуцирање може да им помогне да развијат поголема финансиска независност.
Потребни се практични, визуелни и сценарио-базирани програми за финансиска едукација.
Неопходно е вклучување на дигитална финансиска писменост, бидејќи повеќето не се запознаени или не користат такви услуги.

Овие резултати претставуваат основа за креирање на нови пристапи и алатки, насочени кон практично и прилагодено финансиско образование.

 

Проектот предвидува развој на 3Д дигитална игра за финансиска едукација и апликација за следење и управување со трошоци, кои ќе бидат лесно достапни и адаптирани на различни видови попречености. Овие алатки треба да придонесат за практично учење и полесно вклучување во секојдневниот финансиски живот.

Како дел од активностите, на 10 октомври, во Европска Куќа-Скопје ќе се одржи Конференција за инклузивна финансиска писменост, на која ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата, новите дигитални алатки и идните насоки на проектот. Конференцијата е отворена за сите заинтересирани професионалци, организации и поединци кои сакаат да се едуцираат или придонесат во развојот на оваа важна тема.

 

Проектот е реализиран во партнерство со организации од Грција, Литванија, Австрија, Малта и Европската асоцијација на давател и на услуги на лица си попреченост (Брисел). Имплементиран со финансиска поддршка на Ерасмус + програмите на Европската унија .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: