(ВИДЕО)Потребен е Групен дом со 24-часовна поддршка за лицата со попреченост во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Деца, родители, граѓани поддржувачи, сограѓани креатори на локални и државни политики за подобрување на животот на лицата со попреченост беа дел од традиционалниот настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 ти Декември. Едногласна е пораката и од овогодинешното одбележување дека локалната заедница помага, донира, но треба поголема грижа за своите сограѓани преку збогатени форми што ќе обезбедат 24 часовна помош за лицата и за нивните семејства. Потребен е Групен дом со 24 часовна поддршка е апелот од родителите и од социјалните работници вклучени во работата на двата дневни центри за лица со попреченост во Прилеп.

– На лицата со попречености во развојот потребни им се центри согласно нивната возраст – Секојдневна 24-часовна грижа со бројни непроспиени ноќи, откажување од сите лични амбиции и жртвување на целиот свој живот за добробитта, среќата и над се’ – за здравјето на своето „поинакво“ дете. Ова е суштината на животот на секој родител кој има дете со попречености во развојот. За мене е многу важен овој Дневен центар. Aко се отвори некој Дневен центар со 24-часа, за детето тоа ќе биде многу добро, а ќе биде и за нас добро. Целиот живот ми е посветен на неговели Васка Димеска која е мајка на 37-годишен син кој е со посебни потреби и со години корисник на услугите на прилепскиот специјализиран Дневен центар „Ѕуница“.

Дека не е доволна грижата до одредена возрасна граница, туку е потребна континуирана 24 часовна помош потврдуваат и од Дневниот центар „Ѕуница“ каде по неколку часа дневно престојуваат 15 корисници.Од таму апелираат час поскоро да стартува со работа Групен дом за 24 часовна поддршка.

„Тие корисници кои што се над 35 години, а и 40 се во домот на своето семејство. Апел до сите – да се формира Групен дом со 24-часовна поддршка кој што би можел да биде на ниво на локалната заедница, блиску до своите семејства…Родителите нивни се доста возрасни и им е многу тешко да се грижат околу задоволувањето на нивните основни потреби од секој апсект“, , вели Снежана Јошеска, социјален работник и координатор во Дневниот центар „Ѕуница“ Прилеп.

Надеж и барање има и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа за проширување на опсегот за грижа на лицата со попреченост во координација со Локалната самоуправа Прилеп.
„Се надевам дека во соработка со ресорното Министерство и со ЛС ќе се потрудиме да формираме нови дневни центри каде што ќе може кадарот да се посвети на одредена годишна возраст“,  рече Зоран Малкоски, директор на МЦСР – Прилеп.
Локалната самоуправа потврдува дека не се доволни капацитетите со кои Прилеп обезбедува грижа, па затоа се планира проширување на опсегот и обезбедување на поголема локација:
„Се планира една поголема локација, бидејќи моменталнава локација на Дневниот центар во блиска иднина ќе биде пренаменета, а додека за потребите на овој Центар кој што опфаќа присуство од најмлади до возрасни, највозрасниот можеби е и 37 години, да направиме една граница каде што секој би се препознал во духот на креативноста на работењето, кој опсег на дејности може да препознае“,  посочи Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: