(ВИДЕО)Поезија и цртање во детската зона на МТФ „Војдан Чернодрински”

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денес во рамки на фестивалот МТФ Војдан Чернодрински започна програмата на ,,Детска зона” со ликовна работилница за деца со ликовните уметници и педагози Методи Исков и Елена Димоска од студиото Артикал и со перформанс на Филип Димоски и Лина Димоска со македонска поезија за деца.

ДЕТСКА ЗОНА МТФ

Поетскиот перформанс насловен,,Сончева патека” беше сочинет од поезија на најзначајните македонски поети за деца како Николески, Тарапуза, Миленкоски, Доневв, Мукаетов, Миркуловска, а сето тоа во чест 67 години пд излегувањето на единствениот додаток за деца ,,Колибри” во Нова Македонија и 95 години од раѓањето на неговата основачки Евгенија Шуплинова, родена 1930 година во прилепско Тополчани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад соопшти дека од ноќеска на полноќ (5 август 2025 година) стапуваат во сила нови малопродажни цени на нафтените деривати. Цените на бензините се зголемуваат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се...

Објавен огласот за субвенции за струја за ранливите категории

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со...

Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ на 8 август 2025, петок, од 19.30 часот ќе се одржи „Вечер на унгарски танци и песни“. Ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција е дел од пограмата на Центарот од меѓународната соработка, а се реализира заедно со...