(ВИДЕО)По повод 8 ми Март – признание и почит за жените учеснички во сообраќајот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На иницијатива на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп и годинава центарот на Прилеп беше во знакот на жената – учесник во сообраќајот. Во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, денеска во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, претставници од Авто Контрол, ученици и нивни ментори подаруваа цвеќе, флаери со едукативна содржина, и други пригодни подароци наменети за жени – возачи и случајни минувачки по повод празникот 8 ми Март Меѓународниот ден на жената.

„Целта ни со овој заеднички тим да им оддадеме признание на жената возач, односно како што се грижи жената во семејството, така да се грижи и на патот. Се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за безбедно учество во сообраќајот, посочи Даниела Перканоска, менаџерка и сопственичка на Авто Контрол Станица за технички преглед. 

Општина Прилеп редовно ги поддржува иницијативите за превентивни мерки во областа на сообраќајот, особено што жените се поодговорни, погрижливи ученици на македонските патишта и поради тоа заслужуваат посебно внимание е признание, додава градоначалникот Проданоски, честитајќи го 8 ми Март Меѓународниот ден на жената.

„Оваа превентивна активност иницирана од општествено одговорната компанија Авто Контрол, поддржана од Советот за безбедност во сообраќајот и од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ во кое што постои сообраќајна паралелка која што обучува деца за транспорт, шпедиција и логистика. Ја правиме оваа активност со МВР, односно со единицата за безбедност во сообраќајот во Прилеп. Општина Прилеп секогаш стои на оној став и декларација која што на почетокот од годината ја потпишавме со Републичкиот Совет за безбедност со која се обврзавме дека исклучително ќе се грижиме за безбедноста во сообраќајот.  Ја користам приликава да кажам дека вкупните бројки, токму жените ги поправаат во безбедноста на сообраќајот. Затоа што од сите извршени контроли, кај ниту една жена возач не е утврдено присуство на алкохол во крвта, помали прекршители се жени од мажите на сообраќајните правила. Ова е прилика да им го честитаме 8 ми Март на жените, но и да им оддадеме внимание за тоа што се сериозни и одговорни учесници во сообраќајот. Секоја ваква активност и во иднина ќе биде поддржана од Општина Прилеп,“ рече градоначалникот Проданоски.

Учениците од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп заедно со своите ментори традиционално се дел од слични превентивни активности поврзани со безбедноста во сообраќајот, вели професорката Виолета Ржаникоска Секулоска:

„Сите акции кои што се поддржани од МВР секторот сообраќај, и сите инволвирани во сообраќајот не’ повикуваат доколку има потреба да бидеме партнери во разни превентивни активности. Така и овој пат се одзвавме на поканата на Авто Контрол и благодарни сме бидејќи во учениците виделе потенцијал. На оваа акција оддаваме признание на жената која што впрочем како што е столб во семејството, така е столб и во сообраќајот и овозможува поголема безбедност во сообраќајот.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола:

(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

Во Прилеп се одржа втората средба на земјоделците од сите сектори во Македонија која беше од отворен карактер. На средбата не присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство иако, како што велат организаторите била упатена јавна покана до надлежните. Поради тоа од средбата конкретните заклучоци и барања ќе биле во писмена...

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица. Учениците – медицински сестри...