(ВИДЕО)Пензионерските здруженија „Достоинствен живот“ се оградуваат од политички влијанија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пензионерските здруженија „Достоинствен живот“, од Прилеп упатија порака дека не делуваат политички, туку единствено за заштита на правата на пензионерите. Ова е иницирано од разногласието во пораките кои деновиве доаѓаат од Политичката партија на пензионерите за пристапување кон одредени коалиции.

– Ние не сме партиски определени, ние делуваме како здружение и ќе останиме како такви. Луѓето кои што се определиле да одат и да се приклучат кон некоја партија, па макар и Партија на пензионери, ние од таквите пензионери се оградуваме. Најтешкиот дел го остваривме, добивме она што го баравме 5 илјади денари линеарно зголемување на пензиите рече Верче Јанческа, од Здружението „Достоен живот за пензионерите“.

На денешната средба претставници од повеќе градови на здруженијата посочија дека од поодамна бараат квалитетен закон за пензионери, а веќе имаат доставено предлог инклузивно законско решение за пензионери кое што нема да биде зависно од политичките субјекти.

„На овој начин, ние сакаме да им помогнеме на владите на Република Македонија, конкретно на оваа Влада, бидејќи како опозиција која беше – не’ поддржа, сакаме да и’ помогнеме, зашто со прифаќање на Законот ќе и се олесни работата и ќе има еден насочен тек кој што ќе ги задоволува и потребите на пензионерите, но и финансиите кои што се собираат за пензионерите“, – изјави Делчо Максимоски, пензионер од Охрид и портпарол на Здружението „Достоен живот “.

Предлог-Законот од страна на пензионерските здруженија бил доставен и до Парламентот. Со неговото усвојување би се избегнале сите идни партиски влијанија врз пензионерите. Во моментов има 356 илјади пензионери во Македонија, во некои општини во гласачкото тело процентот на пензионери варира, од 20 % па и повеќе. Поради ова пензионерите бараат во кандидатските листи за советници да има барем по неколку членови со цел да бидат соодветно претставени.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: