(ВИДЕО)Оперативниот план за вработување 2025 претставен во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во големата сала на Општина Прилеп денеска се одржа првиот информативен ден и презентација на Оперативниот план за вработување за 2025 година. Пред голем број заинтересирани граѓани, претставници на бизнис коморите, младински организации и здруженија на занаетчии, беа претставени мерките и активностите од планот со кој што се предвидуваат 40 милиони евра за поддршка на вработливоста и за поттикување на развојот на стопанството.

Овој Оперативен план предвидува 7,5 милиони евра повеќе од претходниот. Ќе бидат опфатени 16 500 лица кои ќе бидат вработени, претежно млади луѓе. Целта е да му се даде шанса на младите луѓе и да се намали одливот на млад работен кадар од Република Македонија. Планирани се голем број мерки и подмерки, новитети. Една од најатрактивните е самовработувањето, при што зголемени се средствата: за лица над 29 години зголемени се за илјада евра, односно од 6 на 7 илјади евра, а додека за млади до 29 години се зголемени од 6 на 10 илјади евра. Новитет е и тоа што младите можат да се здружуваат и да добијат 20 илјади евра, а лицата над 29 години да добијат 14 илјади евра за самовработување доколку се здружат. Предвидени се голем број на обуки за младите и невработените лица да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, рече Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Агенцијата за вработување со сите 30 центри во Македонија се подготвени за реализација на Оперативниот план.

– Првите огласи ќе бидат објавени во наскоро време по добивањето на мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата од кога ќе се реализира со предвидената динамика. Ги повикувам заинтересираните да се информираат во центрите за вработување или на официјалната страна на АВРМ, рече Весна Пешева, заменик директор на Агенцијата за вработување.

Во програмата на Оперативниот план вкучена е и Агенцијата за поддршка на претприемништво.

– Агенцијата за поддршка на претприемништво е вклучена во реализација на активностите на Оперативниот план и тоа во поддршката за самовработување преку вауческиот систем на советници кои што ги има Агенцијата за претприемништво. Оваа година за прв пат Агенцијата си ја зема обврската да ги земе и обуките за претприемништво како и менторството, рече Даниела Димовска, ВД директор на Агенција за поддршка на претприемништво.

Со состојба на 30 април 2025 година регистрирани се над 94 000 активни баратели на работа од кои 17 отсто се млади до 29 години. Дефицитарни кадри се производните и услужните дејности, градежни и машински инжинери, техничари и други занимања и професии.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЗНАМ самостојно на локалните избори

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да ги поставува контурите. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници. Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека...

Се’ е подготвено за старт на фудбалскиот турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“

Фудбалска Школа „Тони“  ( школата на фудбалската легенда, Тони Наумоски) во знак на одбележувањето 25 годишното постоење,  веќе го подготвува новиот турнир за млади категории „Прилеп куп 2025“ на кои се очекуваат екипи и од соседните земји. Турнирот ќе се одржи на  27, 28 и 29 јуни, (петок, сабота и...

Трипуновски: обезбедено привремено решение за наводнување на левата падина од Прилепско поле

По известување на подружницата на Прилепско поле денеска преку ФБ статус ресорниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски информираше дека нарпавено е бајпасирање-премостување на проблемот со дефектот од главниот цевковод кај местото викано Сарика со цел да се обезбеди вода за поголем дел од земјоделските површини од левата падина. Како што...