(ВИДЕО)Ѓорѓиоска: за позитивни промени во заедницата најчесто е потребна само поголема политичка волја

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Kнигата „Од дијалог до политика: дизајн на градови што слушаат и одговараат“  од авторката Климентина Ѓорѓиоска, прилепчанка, политиколог, граѓанска активистка, неодамна беше промовирана во Градската библиотека Борка Талески Прилеп. Преку истражувања спроведени во Њу Орлеанс, САД, авторката Ѓорѓиоска понуди модели за одговорно локално владеење во Македонија, односно како што таа рече во гостувањето во Радио Пела, во својот роден град Прилеп.

Идејата на делото „Од дијалог до политика: дизајн на градови што слушаат и одговараат“е  тоа да претставува мост меѓу теоријата и практиката, уште повеќе во актуелниот предизборен период кога политичките актери треба да ги прилагодуваат своите програми кон граѓаните, нивните потреби и нивните согледувања за поквалитетен живот во заедницата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: