(ВИДЕО)Церемониите завршија – студиските програми мора да се прилагодат кон потребите на бизнисот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На Економскиот факултет Прилеп денеска се одржа форум кој што беше оценет како историски чекор во креирањето на студиски програми усогласени со реалните барања и очекувања на пазарот на трудот. Оваа високообразовна институција традиционално одржува силни врски со бизнис секторот, но дојде време да се истражат, анализираат и прилагодат нивните потреби и барања со академската заедница. „Завршија церемонијалните настани, време е да се делува кон заедничката цел“, меѓу другото посочи Игор Неделковски, ректор на Универзитетот Свети Климент Охридски Битола

„Овој настан е еден од оние историски настани кои ќе го обликуваат образованието како прв чекор на Економскиот факултет Прилеп, потоа на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола, а сигурен сум ќе се прошират и на целокупното високо образование. Децении ние слушаме дека бизнисот не е задоволен, пред се’ од практични вештини на нашите студенти. Децении се организираат трибини, тркалезни маси, но промени нема или се минорни. Ќе завршат тие церемонијални настани сите си заминуваме и продолжуваме по старо. Овој настан е прв чија цел не е церемонијалност, не  е помпезност, туку претставници на работодавачите, претставници на нашите алумни кои работат во тие компании, професорите и студентите седнале на маса и гледаат предмет по предмет, студиска програма, по студиска програма, што им недостасува, го модификуваат, со цел при наредната при наредната акредитација да го вклучат. Ако истраеме на овој процес, сигурен сум дека практичните вештини ќе се зголемат повеќекратно, посочи Неделковски додавајќи дека Економскиот факултет Прилеп ќе биде модел на УКЛО и на другите високообразовни установи.

Економскиот факултет од Прилеп одржува одлична соработка со бизнис заедницата. Потврда за тоа се стипендиите што бизнис секторот во коинтинуитет ги одобрува за студентите од Економскиот факултет. Оваа година биле одобрени вкупно 30 стипендии за бруцоши за упис во прва година на првиот циклус на студии. Иницијативата за организација на форумот произлегла од потребата за продлабочување и интензивирање на соработката со бизнис заедницата и со вклучување на студентите – алумни на факултетот.

„За таа цел беше спроведено анкетно истражување во кое беа вклучени 107 компании и тоа за секоја студиска програма, при што основната идеја е да се идентификуваат компетенциите, знаењата, вештините кои што треба да ги поседуваат студентите на Економскиот факултет по нивното дипломирање. Се разбира преку размена на искуства помеѓу 4 групи на засегнати страни: работодавачи, академска заедница, студенти и алумни на факултетот. Врз основа на добиените резултати од ова истражување, денес на работниот дел беа отворени дискусиите за компетенциите на секоја студиска програма одделно кои што дополнително ќе бидат презентирани на пленарниот дел од форумот. Крајната цел на форумот е добиените резултати да ги креираме во студиските програми за кои што Факултетот започнува постапка за акредитација од почетокот на 2026 та година“, рече Татијана Спасеска, декан на Економскиот факултет Прилеп со надеж дека само така ќе се зголеми квалитетот на високообразовната понуда на Факултетот, со креирање студиски програми во согласност со реалните барања и очекувања на пазарот на труд.

Процесот на акредитација е се одвива согласно Законот за високо образование со реакредитирање на секои 5 години на студиските програми. Во секој случај, академското знаење мора да биде надополнето со практично искуство на студентите.

„Клучните компетенции се практичната работа, соработката на реални проекти, реализација на студентски пракси и еден похолистички пристап на целосната работа на студентите заедно со бизнис заедницата. Со спроведувањето на реални истражувања утврдивме дека Факултетот ја има таа способност и го имаме огромниот потенцијал само треба да го доразвиеме понатаму. Академскиот дел значаен, но вистинската димензија секој студент ја добива кога ќе види вистинска работа. Бизнис заедницата е двојна спрега со академската, бидејќи треба заеднички да се вклучат за да му дадат на студентот целосна насока при таа реализација, вели Никола Тумбовски, студент од 4 та година на Економскиот факултет, студиска програма сметководство и ревизија.

На младите им треба доедукација, практично искуство и сет од вештини за веднаш да се вклучат во работниот процес, за што е потребно приспособување и на бизнис секторот.  Од друга страна македонските кадри се намалуваат со иселувањето, но и со работа во глобалните компании во Македонија.

„Соработка мора да има затоа што излегуваат студенти кои не се спремни веднаш да почнат со работа им недостигаат голем сет на вештини за да можат да се вработат. Знаењето е предуслов за вработување, но студентите мора да имаат вештини, да се снајдат на работно место. Кадрите се тие, тие се фирмите, ќе стигнеме до момент кога што ќе треба ние да се обратиме и да ги користиме ресурсите кои ги имаме. Во некои сектори веќе се користи и работна сила од надвор. Ако сакаме да си ги задржиме младите тука, ќе мора да ги отвориме вратите и да бидеме спремни дека тие луѓе треба да најдат начин да се вклопат во нашите средини, но и ние да најдеме начин да ги прилагодиме и да ги присвоиме. Сега имаме многу глобални фирми кои што тргаат кадар ќе стигнеме во следните 2 до 3 години да пристапуваме кон нив за да се вработат бидејќи ќе ги нема, вели Катерина Камовска Гаровска, претставник од ИТ фирма за 3 Д дизајн Битола.

.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС МУ СЕ ПОКЛОНУВА НА ЛЕОНХАРД МАЗИНГ

На денешен ден, 27 ноември, пред 135 години на Дерптскиот универзитет во Естонија (денес Тарту) е одбранета првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик од балто-германскиот лингвист Леонхард Готхилф Мазинг. Оваа година и овој ноември се навршуваат и 180 години од раѓањето овој истакнат научник. Леонхард Готхилф Мазинг е...

Пројковски за мотивацита за „Црнила“: Македонец уби Македонец за Македонија, лекција која тешко ја учиме !

Театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно, во НУЦК „Марко Цепенков“ на т.н „Сцена 105“ ќе ја прикаже претставата „Црнила“ од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски. Претставата ќе се игра камерно, местата се лимитирани, но прилепчани ќе имаат можност да ја погледнат неколку пати до крајот на оваа година, а планирано...

Во Прилеп наврнаа 11  l/m 2 , а снегот веќе се појави на повисоките места

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА во Прилеп изнесуваше  7 степени.Во  изминатите 24 часа до 07 часот во Прилеп наврнаа 11  (l/m 2 ), најмногу на Попова Шапка 38 (l/m 2 ), ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Oблачно со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите  преминуваат во снег, а на некои од повисоките места врнежите ќе...