(ВИДЕО)Антипод: Два рекорда, еден ден, еден човек-Дарко Неданоски, авантурист по вокација, спасител по професија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Авантурист по вокација, спасител по професија, човек кој што го води андреналинот да истражува, да руши граници, да запознава нови светови во длабочините и во височини. Подвизите и струшените рекорди на Дарко Неданоски пред 3 години беа поттик за режисерот Бојан Секулоски за креирање на  авантуристичкиот филм „ Антипод“. Филмското остварување во продукција Авард Филм и Бабот Медиа неодамна беше прикажано во Прилеп на Меѓународниот филмски фестивал Винтер Априкот, се прикажува во кината во Скопје.

Наскоро авантуристичкиот филм „ Антипод“ со главниот протагонист Дарко Неданоски ќе ја доживее и меѓународната презентација на 40 филмски фестивали низ Европа и светот.

„Решивме дека ќе направиме два рекорди во еден ден: нуркање во пештерата Кршална и потоа веднаш се транспортиравме тука во Прилеп на локалитетот Камена Баба каде што одлучив дека ќе ја качувам таа карпа „фри соло“ без никаква помошна опрема, без јаже, без никаква осигурителна опрема и материјално технички помагала кои што инаку ги користиме во искачувањето. При тоа единствено користев патики и торбичка со магнезиум за сузбивање на потењето на рацете при качувањето и секако имав Гоу про камера на мене за да го документирам настанот“, вели Дарко.

Во коштец со недопрените граници секогаш има ризик, но и одредена тензија водени од адреналинот да се достигне поставената цел. Уште повеќе бидејќи практично самостојно без помош се рушат рекордите на неиспитани локации во подземни пештери или пак на стрмни необезбедени височини. Како Дарко се бори со внатрешните пориви, со стравот, со чувствата, за посакуваниот дострел да се изведе прецизно и безбедно?  :

„Ова беше една голема и тешка комбинација за да се стигне до целта во еден ден. Мораше да работам макотрпно на физичкиот и психичкиот дел. Една мала грешка, нема повеќе враќање од тоа.  Мораме да ги контролираме тие чувства кога знаеме дека е најтешко оти едно мало невнимание макар тоа да било ветер или ситна прашина може да не’ дефокусира и да ни направи проблем. Во искачувањето на карпата Камена Баба која има 40 метри височина вертикала имав таков момент над 15 тиот метар. Има една тераса која што е хоризонтална и каде можам да застанам и се свртив и ја видов долу екипата од птичја перспектива многу малечки… Помислуваш -добро стасав тука, но сега што се случува?! Одам нагоре…. Но, тие се кратки моменти кои што мораш да се бориш со себе си и секако крајната цел е многу важна затоа што не се смеат да се дозволат едни такви недоразбирања внатре во мене и се’ да се искомплицира“, рече Дарко Неданоски, неуморниот спелеолог, дел од спасителската служба, херој кој не познава граници кога станува збор за спасување животи и рушење рекорди. 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градските власти во Прилеп на ифтар со Исламската верска заедница

Ифтарот не е само вечерен оброк ,туку и мост на спојување  на луѓето. Преку оваа традиција се  премостуваат разликите и се пренесуват пораките за мир, заедништво и добрина, со потсетување   дека сите луѓе, сограѓани и пријатели треба да живеат во едно заедништво и меѓусебно почитување. А, соживотот во Прилеп не...

Исплатени субвенции од Програмите за 2024 и 2025 кон сточарите и живинарите

По три основи Агенцијата за финансиска поддршка денеска изврши исплати кон сточарите за предадено млеко од Програмата за 2025 та, за одгледани или заклани говеда од Програмата за 2024 та и за произведени и продадени бројлери (еднодневни пилиња) од Програмата за финансиска поддршка за 2024 та година. Ова е соопштението...

Измамена старица од Прилеп од лажен инспектор кому му дала близу 3000 евра

Полицијата уапси 46-годишен маж од Скопје осомничен за измама, откако со лажна приказна успеал на жена од Прилеп да и земе 3.000 евра. Имено, тој, според информациите од МВР, телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор кој наводно работи во странство. При тоа и соопштил дека нејзините...