(ВИДЕО) Започна Фестивалот на мед во центарот на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепските пчелари се задоволни од годинешните приноси од мед и пчелни производи бидејќи во споредба со лани, годината беше временски поповолна. Пчеларското Здружение Братство во чија што организација е традиционалниот Фестивал на медот во Прилеп го зголемува бројот на членки за кои на редовна основа се спроведуваат едукации и учество на саеми во земјава и странство.

Во Прилепскиот регион се околу 150 пчелари, а во здружението се 70-тина членови.

-Годината е просечна за приносите на мед. Имавме есенски, односно зимски загуби. Ако треба да оценуваме, оценката е 3 или 4. Бројот на пчелари се намалува, дури се преполовува. На тоа влијаат иселувањето, елементарните непогоди, намалувањето на сточарството, а и пожарите го земаат својот данок. Помошта од државата е мала, само 600 денари субвенции. Бараме да се зголемат субвенциите, зашто и тоа е еден од главните фактори за намалувањето на пчеларството како гранка, рече Дејан Бошкоски, претседател на Пчеларското здружение Братство.

Прилепскиот мед е познат и признат по својот квалитет бидејќи регистрираните пчелари работат домаќински и одговорно. Велат, се работи за храна, за здравје и затоа се посветуваат со особено внимание на работата која носи приход доколку реално се вреднува. Апелираат медот и другите пчелни производи да се набавуваат од познати пчелари.

– „Професионално се занимавам со пчеларство. Со семејството чуваме околу 240 пчелни семејства.Произведувам производи од восок, мед, полен, прополис,од матичен млег. Претежно пласирам на македонскиот пазар. Од пчеларството може да се живее, но треба поголема одговорност, сите постапки треба да бидат навреме и да се внимава со пчелите, зашто последните 15-тина години може често да се случи пчелите да ги снема во сандаците, едноставно да угинат. Треба да се зголеми маркетингот за продажбата на медот и на пчелините производи,“ вели Тони Јовески, пчелар од Прилеп.

На годинешниот Фестивал на медот 16 ти по ред, кој што започна денеска, со свои штандови на Плоштадот Методија Андонов Ченто, се претставуваат 20 тина пчелари од Прилеп и регионот и во наредниве неколку денови.

Настанот, традиционално е во рамките на чествувањата по повод 11 Октомври во Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

По повод Mесецот на книгата, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува  акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп. Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои утре (8.11.2025)  со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски”...

(видео) ООУ „Добре Јованоски“ со реновирани и адаптирани простории за поквалитетно одржување на настава

Од руинирани простори до простории за квалитетно одржување на наставата-тоа е новина во ООУ Добре Јованоски, едно од најбројните училишта во Прилеп кои бори 1200 ученици. . Градоначалникот на Прилеп, кој го посети училиштето изрази благодарност до менаџментот на училиштето за нивната посветеност и соработка и најави продолжување со реализација...