(видео) Уметноста зборува и кога зборовите замолкнуваат – Отворена хуманитарната групна изложба „Трага во бесконечноста“ во чест на Сара Јорданова

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Двата изложбени салони на ЦК “Бели мугри” синоќа беа преполни со посетители на чинот на отворањето на хуманитарната донаторска групна ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“, организирана во чест и за спомен на Сара Јорданова, средношколка, една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи минатата година, на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Повеќето од изложените над 130 дела на сликари од Македонија и странство се продадени. Средствата, семејството Јорданови ги намени за деца без родители. Поставката од слики работени во различни техники во двата изложбени салони на националната установа од Кочани останува до 6 март. Дотогаш, изложбата ќе биде отворена за посетители, а непродадените дела ќе можат да се купат.

Пред присутните, на почетокот од овој настан полн со емоции, обраќања имаа другарки на Сара и членовите на семејството Јорданови.

-Уметноста зборува кога зборовите замолкнуваат,  е пораката што се испраќа од оваа хуманитарнаи донаторска изложба, порача в.д. директорката на ЦК „Бели мугри“, Габриела Стефановска.

Делата на Сара и нејзината мајка, кои беа дел од синоќашната изложба, не се продаваа како оригинали, со секоја донација посетителите добиваа нивна печатена репродукција. Настап имаа и членовите на рок-групата „Корка“ Сара беше дел од почетоците на овој бенд, свиреше на тапани.

Каталогот со изложените дела е биде достапен на веб-страницата www.traga-vo-beskonecnosta.com.

Хуманите граѓани и понатаму можат да донираат преку уплата на жиро-сметката 270-7000471243-92 во Халк Банка, со назнака: Донација за хуманитарна изложба „Трага во бесконечноста“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Општата болница – Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани,

„Јумис“ вработува….

ЈУМИС ДООЕЛ – Кочани ВРАБОТУВА :  Шивач / Шивачка (со работно искуство) Заинтересираните кандидати можат да се јават директно во фабриката или да не контактираат на: 078 275 526 export@jumisluxury.mk  

InnoVerse Кочани – влези во светот на виртуелна реалност и модерен гејминг

InnoVerse Кочани – влези во светот на виртуелна реалност и модерен гејминг Во последно време сè повеќе луѓе во Кочани бараат нешто поразлично за излегување. Наместо класично кафе или прошетка, изборот сè почесто паѓа на искуства што се паметат. Токму затоа InnoVerse Кочани станува препознатливо место за модерна забава во градот. Модерна забава во Кочани Станува збор