(ВИДЕО) Социјалните претпријатија се новата енергија на руралниот развој

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Социјалното претприемништво не е нова форма кај нас како бизнис модел во чија што основа се решавање на општествените, еколошките и економските предизвици. Има успешни примери кои опстојуваат во Македонија, иако системското решение – легислатива која ќе ги дефинира формата, начинот на функционирање и организирање на овие социјални претпријатија сеуште е во фаза на разгледување и доградување. Од 2021 та година предлог на законското решение е „заглавено“ на ИНЕР системот и сеуште се чека на конечната одлука од пратениците во Собранието за да биде ставен во функција како закон.

ЛАГ Агро Лидер реализира проект за новите можности за младите од руралните општини Долнени и Крушево преку развој на социјално претприемништво, заштита на животната средина и одржливо земјоделство. Активностите вклучуваат обуки и градење на основи за младински социјални претпријатија во областа на заштитата на животната средина, со фокус на управување со органски отпад, компостирање како потенцијален социјален бизнис и социо-економска интеграција на младите на пазарот на труд.

Формирање младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи, одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и развој на еко-бизниси. соочуваат младите од руралните средини – недостаток на знаење и практични вештини – и создаваме основа за развој на одржливи, зелени и иновативни бизниси.

За тоа што е претставува социјалното претприемништво, како би функционирала една Младинска земјоделска задруга и кои се бенефитите од новиот закон за социјално претприемништво, разговаравме со Анастасија Смиле и Филип Димкоски вклучени во проектот „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ :

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Петок неколку часа без струја ќе останат повеќе улици и комплексот фотонапонски централи во Прилеп

Десетина улици и комплексот, фотонапонскси централи , в петок,  неколку часа до пладне, ќе останат без електрична енергија, информираат од ЦУК – Прилеп. ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 03.04.2026 год. (Петок) од 09.00 ч. до 12.00 часот ќе има на следните улици во Општина Прилеп : ,,Борка Талески” ,...

Расчистени дилемите-ова се критериумите за субвенции во тутунопроизводството

Деновиве на социјалните мрежи се шират разни објави кои поттикнуваат повеќе прашања кај тутунопроизводителите во врска со исполнувањето на критериуми за стекнување со правото за добивање на субвенции. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку соопштение – објаснување на критериумите ги расчисти дилемите во врска со двете...

(ВИДЕО)Филигрански записи од Прилеп – спој на природно наследство, традиција, култура и занаетчиство

Елегантно, трпеливо, со многу љубов, инспирирани од традицијата, од природата, од богатството кое тлее во нас пренесувано со генерации од нашите мајки и баби тие создаваат нова историја,  вредности кои ги спојуваат природното богатство и традиционалните вредности во нови – уникатни приказни! Тие, дваесетина млади луѓе од кои десет ученици...