(ВИДЕО) Се виткаа посните сарми , се враќа традицијата за патрон празникот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се виткаа посните светиниколски сармички во кујната од компанија “Бимфоод” а во виткањето учествуваа 40 жени од прилепските женски здруженија , Мајка Традиција , Китка, Преродба  и Орхидеја.Во пресрет на патрон празникот на градот Прилеп , “Свети Никола се враќа традицијата , виткањето на посните сарми , сарми по кои градов и влезе во Гинисовата книга на рекорди.

„Им благодариме  што овие жени се два дена со нас и што ја пренесуваат нивната традиција на нас помладите со љубов , и тие претставуваат столб  на нашата традиција во Прилеп “, рече Рената Јанческа – Ацеска , претставник на компанијата „Бимфоод”.

Мала , вкусна , уникатна и се прави само во Прилеп , тоа е и всушност рецептот за одржување на оваа традиција која повтпорно се враќа за овој празник.Посните сармички се виткаа со љубов а во нив се става само масло , црвена пипер , црн пипер и солца , што пак е доволно за вистинско празнично задоволство на сите жени кои вредно ги подготвуват за градската слава.

„Особено ми е важно , што овој букет од млади кои се тука за нас  , и сметам дека треба сите да ги поздравиме, кои што одат во предучилишно образование , за да ги прифатат нормите кои што ги имаме од минатото , да ја научат традицијата која ја имаме од нашите прародители и до денеска ја градиме, и за волја на вистината имаме на кого да ја предадеме , и тоа ме прави особено среќен како човек” , истакна првиот човек на град Прилеп , Дејан Проданоски.

инаку

Инаку за потсетување , градот Прилеп , годинава слави 20 години од одбележувањето на Свети Никола , како заштитник на градот и масовно се слави на плоштадот „Александрија” годинава , домаќини на градската слава се компаниите , „Матадор” и „Бимфоод”.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Наум Петрески за дочек на Новата година во Прилеп

Д Хаундс, Љубојна,  Камерниот оркестар од Битола, Владо Јанески, Наум Петрески, Пајак..ќе ги забавуваат прилепчани за новогодишните празници. Македонската музичка естрадна ѕвезда, Наум Петрески ќе биде на новогодишната ноќ , на дочекот на Новата година, на 31 декември и заедно со  неговата песна, прилепчани ќе ја дочеката Новата 2026 година ,на...

Предлог за 13 Величествени – Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп – 80 години центар на културна енергија

Предлог на Радио Пела за избор на 13 Величествени за 2025 е Градската библиотека „Борка Талески“  Прилеп – 80 години  центар на културна енергија што го привлекува вниманието на медиумите Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп сè почесто е во фокусот на јавноста и медиумите, благодарение на својата иновативна и...

Натпревар за литературна и говорна уметност: Ученици добија награди за рецитирање и пишување

На конкурсот организирани од Библиотека “Борка Талески“ во повеќе категории , по повод 80 години од формирањето на оваа институција,  учетвуваа над 100на ученици од  основните и средните училишта од Прилеп. Учениците се натпреваруваа во рецитирање, во најдобра лична творба и во краснопист.Натпревар ја поттикна креативноста и самодовербата кај учениците...