(Видео) Се учат песничките за „Бадниковата поворка“ – уште има можност за пријавување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дечиња од 4 до 13/14 години не уморно ги вежбат ангелските песни и песната „Вечен е Бог“ со кое ќе го ќе го најават Христовото раѓање во Прилеп.  Организаторите од здружението „Бадникови поворки“ – Прилеп,  започнаа со  подготвуваат за овој настан, вклучувајќи дечиња кои сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка . Ангелските песнички за Рождеството Хрисово  кои ќе ги пеат на  Бадниковита поворка,веќе започана да се учат.

Ги покануваме сите со радост да го дочекаме и прославиме Христовото раѓање – Божиќ, “ вели од здружение ,,Бадникови поворки” организатори на оваа манифестација во повеќе од 65 градови во Македонија.

Првата проба се одржа во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“, а организаторите очекуваат дека на денот на поворката да се приклучат уште повеќе дечиња „а, за следната проба се надеваме дека ќе бидиме во многу поголем број!“  повикуваат тие.

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.

Оваа година Бадниковата поворка ќе се оджи под слоганот „ Со Божиќна радост, срца да сплотиме“.

„Со голема љубов и радост ви најавуваме дека и оваа година ќе ги организираме традиционалните Бадникови Поворки. Овој убав обичај, исполнет со детска песна, радост и благослов, не потсетува сите на вистинското значење на празникот. Ги покануваме сите дечиња што сакаат да бидат дел од оваа прекрасна празнична традиција да нѝ се придружат и заедно да ја шириме Бадниковата радост“ велат организаторите на Бадниковата поборка во Прилеп, кои оваа година се подготвуваат денот да го одбележат со посебна радост, побројни и повесели!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...